Skip to main content

Автор: инфодеск

Што е всушност HAARP

Post Views: 73 Во моментите на критични последици од климатските промени, еден од најпопуларните истражувачки проекти е проектот HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program). Тоа е здружен проект на различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана, и бројни универзитети во САД (Калифорнискиот универзитет, Универзитетот во Аљаска, Тенолошкиот институт во Масачусетс, Стенфорд, Дартмоут, Тулса, Клемсон, Пен Стејт, Мериленд и Корнел универзитетот). Од 1990 па се до 2007 година, студентите и експертите по физика се обидуваа да разберат и да го истражат...

Продолжи со читање

Волонтер вратил пари на сопственикот

Post Views: 125 Волонтерот Драган Вујановиќ, кој заедно со колегите учествувал во акцијата за средување на Караѓорѓевата населба, пронашол паричник во кој се наоѓале 1800 евра, и во присуство на полицијата го вратил паричникот на сопственичката која била една од загрозените од поплавите.На денешната акција Вујановиќ дошол со колегите од работа и случајно го забележал паричникот. Во прв момент помислил дека некој изгубил документи, но кога го подигнал паричникот забележал дека внатре има пари.Тој веднаш соопштил на сите што се наоѓале во близина, а меѓу нив биле и жители од...

Продолжи со читање

Расте ризикот од природни катастрофи во светот

Post Views: 49 Како последица на климатските промени во последните 30 години, глечерите на Хималаите се намалиле за една четвртина, со што расте и ризикот од природни катастрофи, предупредуваат научниците.Најновото истражување кое го спровел меѓународниот центар за интегриран развој на планините (ICIMOD), со седиште во Катманду, покажува дека во периодот од 1977 до 2010 година, ледената покривка се намалила за 24%.Лидерот на истражувањето, Самџвал Баџрачарја, изјавил за AFP дека намалувањето на глечерите во Непал, дефинитивно е поврзано со климатските промени и дека топењето на...

Продолжи со читање

Топ осум најкорумпирани држави

Post Views: 50 Хаити – Во Хаити не важат нормалните правила и подмитувањето е нормална појава. Можете да купите апсолутно се што ќе посакате. Тоа е една од најкорумпираните држави во светот, што не беше случај се до земјотресот во 2010 година. Пазете се добро кога ќе одите таму бидејќи животот вреди многу малку.Венецуела – Се наоѓа на 174 место од 200, на скалата на корумпирани држави. Иако Хуго Чавез вети дека ќе ја искорени корупцијата, тоа никогаш не го направи. Познато е дека во Венецуела посебно е корумпирана полицијата.Ирак – За време на режимот на...

Продолжи со читање

Најсурови нации и цивилизации во историјата на човештвото

Post Views: 56 Спартанци – Спартанската фамилија во многу се разликувала од останатите фамилии во времето на античка Грција. Децата повеќе биле во посед на државата отколку на фамилијата. Биле одгледувани да станат војници, лојални на државата, јаки и дисциплинирани.Доволно говори фактот дека секој возрасен Спартанец бил војник. Сите останати работи ги работеле робовите кои биле донесени по враќањето од боиштата. Тие се бореле се до пензионирањето кога навршувале 60 години. Ако Спартанецот не загинел во борба, тој не заслужувал споменик. Таа привилегија ја имале само...

Продолжи со читање

Нарачки на “летечка” пица

Post Views: 56 Мали или големи, пилешки или вегетеријански, со или без лути пиперчиња, возможни се нарачки на секаков вид на пици, а доставата е летечка. Имено, еден ресторан во индискиот град Бомбај, одлучил своите специјалитети да ги доставува со беспилотни летала. Сопствениците на пицеријата Francesco им се допаднала веста дека Amazon, американската компанија за нарачки преку интернет, планира своите пратки на купувачите, во иднина да им ги доставува со дронови, па одлучиле и тие сами да ја реализираат таа идеја за да ги избегнат сообраќајните метежи кои се секојдневие во овој...

Продолжи со читање

Праќаат сок на месечината

Post Views: 135 Мал чекор за лименката но голем за производителот на сокови. Вака потезот, на јапонскиот производител на пијалоци, го опишуваат на интернет страницата io9.com. Компанијата Otsuka, имено, планира да прати лименка од својот пијалок на Месечината. Ако се се одвива според планот, тоа ќе биде прво праќање на некаков предмет во маркетиншки цели. Otsuka на месечината ќе прати сад тежок 1 килограм, исполнет со напиток во прав и детски сништа. Дел од пратката ќе биде “капсула на сништата” на која на површината од титаниум ќе бидат изгравирани детски сништа. Превозот на...

Продолжи со читање

Најдобри апликации за Андроид против комарци

Post Views: 78 Апликациите против комарци, за смартфони, воглавно се борат така што емитираат звук со висока фреквенција (најчесто од 10 до 22 kHz), која за поголем дел од возрасните луѓе е нечујна, а која (наводно) ги одбива комарците. Дали овие апликации имаат делотворност, истражувал Tportal. За одговорот на ова прашање не постои конзезус. Едни се колнат во нивната делотворност, додека други (заедно со неколку научни истражувања) тврдат дека не само што ги одбиваат малите напасници, туку во некои случаеви и ги привлекуваат. Бидејќи голем број од овие апликации се бесплатни,...

Продолжи со читање