Skip to main content

Автор: инфодеск

Кети Јоноска од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” освои бронзен медал на ROBOMAC JUNIOR 2026

Views: 334 На Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во Скопје, од 20 април до 25 април, се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главни организатори беа ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории.Во категоријата Автономна Мобилна Роботика, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, медали...

Продолжи со читање

Свештеномаченик Антипа, епископ Пергамски

Views: 251 Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (Откр. 2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа живееше меѓу нив „како светлина сред темнината, како роза среде трње, како злато во калта“. Во Пергам за добар и праведен се сметаше оној којшто би фатил и би убил еден христијанин. Целата незнабожечка вера се состоеше во гатањето, во...

Продолжи со читање

Сончево со температури до 16 степени

Views: 253 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 16 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дуваумерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено...

Продолжи со читање

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Views: 358 Со пригодна свеченост НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. Во своето пригодно обраќање директорката на Библиотеката Христина Трпеска зборувајќи за еволутивниот пат на книгата од праисторијата до денес истакна дека Книгата и покрај дигитализацијата, денес претставува непроценлив извор на знаење, духовна исполнетост и бескрајни можности. Во ера на брзи информации, таа останува клучна за длабинско разбирање на светот и на себеси, рече Трпеска.По повод Светскиот ден на книгата и авторското право...

Продолжи со читање

Левица поднесе Иницијатива за изградба на спомен-обележје на Атина Бојаџи

Views: 301 Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид до Советот на Општината поднесе Иницијатива за изградба на спомен-обележје на легендарната македонска маратонска пливачка Атина Бојаџи. Од партијата објаснуваат дека истата ја поднесуваат поради сите успеси на Атина Бојаџи во пливањето, со кои доволно не’ задолжила како охриѓани нејзините постигнувања да ги овековечиме со спомен – обележје.Атина Бојаџи е македонска маратонка во пливање, родена на 13 март 1944 година во Охрид и уште од 11-годишна возраст ги собори сите македонски и југословенски рекорди во пливање на кратки...

Продолжи со читање

Од Деве Баир до Ќафасан: Струга во фокусот на новите инфраструктурни инвестиции

Views: 340 –Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на работниот состанок на кој се разговара за инфраструктурните проекти што се реализираат на истиот.     На состанокот кој се организира во...

Продолжи со читање

Со 12.000 денари месечно и без храна, итна помош за семејство кое живее во распадната куќа

Views: 359 Семејство од Свети Николе се соочува со тешка животна драма и упатува апел за итна помош до хуманите граѓани и институции.Имено, тие живеат од социјална помош во износ од 12.000 денари месечно, што, како што велат, не е доволно ниту за најосновните потреби. Во моментов, веќе 20 дена немаат доволно храна и се наоѓаат во исклучително тешка состојба.-Живеееме во распадната куќа и немаме услови за нормален живот. Двајцата сме болни и немаме средства за лекување, раскажува семејството. Едниот член од семејството се бори со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи шеќер,...

Продолжи со читање

Уапсен поренешниот претседателот на ФФМ за проневера од 700.000 евра доделени од УЕФА за поддршка на фудбалот и изградба на трибина во Охрид

Views: 422 Утрово е уапсен Мухамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Според првичните информации тој се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Постапка отворило Скопското јавно обвинителство.-Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија  за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба....

Продолжи со читање