Skip to main content

Автор: инфодеск

Зошто Американците му вртат грб на сокот од портокал

Views: 55Американците за 4 недели, заклучно со 2 август, купиле 34,96 милион галони сок, што е за 9,2% помалку од истиот период минатата година, покажале податоците на аналитичката агенција Nilsen. Малопродажбата на сокот од портокал го достигна својот максимум од 48,63 галони во јануари, бидејќи поради ладната зима Американците купуваа многу од овој пијалок кој е богат со С витамин. Меѓутоа, од тој момент продажбата е во непрекинато паѓање, наведува Nilsen. Таа количина е најниска од кога се води евиденција и се собираат податоци, од јануари 2002 година. Спрема мислењето на експертите, сѐ...

Продолжи со читање

Работа со годишен бруто приход и до 60.000 евра

Views: 55Професијата келнер е добро платена работа во Австрија, имајќи во предвид дека може да се отствари годишен бруто приход и во висина од 60.000 евра, покажала анализата на една консалтинг фирма за персонал. Келнерите во гастрономските објекти како хотелите, рестораните, баровите и кафулињата се задолжени за услуги и совет, и на клиентите по прашањето на избор на јадење, пијалок а примаат и нарачки и наплатуваат. За оваа професија се потребни лица кои завршиле занает или стручно гастрономско училиште Месечните примања на еден келнер се регулирани со колективен договор и тие изнесуваат...

Продолжи со читање

Шпијунирање и по пат на YouTube

Views: 61Гледањето на само еден видео запис на YouTube можело на владите и шпијуните да им го отвори прозорецот во вашиот живот. Веќе повеќе од една година медиумите пренесуваат информации за начините на кои американската влада и NSA можеле да следат и да прислушкуваат милиони корисници на интернет. Податоците за следење и методите на прислушкување на NSA ги шокираше многу корисници на интернетот и уште еднаш се покажа дека потполна сигурност не постои. Кон крајот на минатата недела на Engadget објавија податоци за начинот на шпијунирање преку YouTube. Имено, тие можеле да ги следат...

Продолжи со читање

Од нив стравуваат џихадистите

Views: 49Ирачките Курди, со поддршка на американските воени сили од воздух, успеаа да ја завземат браната Мосул во понеделникотм и така го зададоа најголемиот удар на милитантите од ISIL. “Ако ја контролирате браната Мосул, го држите в рака поголемиот дел на Ирак, можете да ги уценувате со поплави, струја или вода”, рекол Daniel Pipes за CNN а пренесува Business Insider. Браната Мосул ја нарекол најопасна брана на светот. Во борбите против џихадистите, запад ги помага Курдите, односно Курдската работничка партија, која Американците ја квалификуваат како терористичка организација, барем...

Продолжи со читање

Се заканува ерупција на вулкан во Европа

Views: 54Постои голема можност дека вулканот Bardarbunga на Исланд да еруптира. Имено, исландската влада во понеделникот го променила статусот на вулканот, кој се наоѓа под најголемиот европски ледник, во “портокалово”, што значи дека е зголемен ризикот од ерупција и облак на пепел. Станува збор за втор степен на ризик на скалата до пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност ќе резултира со експлозивна ерупција, што би довело до емисија на пепел. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека Bardabunga лежи 700 метри под мразот и за да го пробие...

Продолжи со читање

Дали би издржале 99 дена без Facebook

Views: 75Интернет експериментот – кампања е покрената под името “99 дена слобода” и има за цел на луѓето да им помогне во “ослободување” од Facebook и да истражи како тоа ќе влијае на нив. Кампањата се наоѓа на линкот 99daysoffreedom.com и ќе ви помогне да се убедите себеси и другите дека сте во состојба да го напуштите Facebook на попвеќе од три месеци. Овој експеримент е покренат откако Facebook спроведе тајни психолошко-емотивни тестови на околу 700.000 свои корисници, поради кои социјалната мрежа би можела да е строго казнета во некои делови на светот. На интернет страницата...

Продолжи со читање

Погледнете кој ја контролира храната во светот

Views: 62Прехранбената индустрија вработува повеќе од милијарда луѓе, но во оваа игра иако има повеќе од илјада играчи сепак овие десет ги одредуваат правилата. Во извештајот за 2013 година под името “Behind brends”, организацијата Oxfam зборува за десет највлијателни корпорации, кои се занимаваат со производство и промет на храна и пијалоци, и нивното влијание во исхраната, но и влијанието на животната средина и односот спрема работниците. Сите десет компании имаат годишни приходи кои се бројат во десетици милијарди долари, вработуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а уште неколку милиони...

Продолжи со читање

Зошто светските милионери се поливаат со ледена вода?

Views: 69Mark Zuckerberg го стартуваше овој тренд во технолошкиот свет каде го следат сите големи ривали од светот на технологијата за да застанат на иста страна и да помогнат во собирање на пари за заболени од болеста Lou Gehrig. Станува збор за “леден предизвик” во организација на ALS, во кој славните излеваат канта ладна вода на себе, а потоа донираат пари и повикуваат следни три лица да го направат тоа во рок од 24 часа. Како што трганало, наскоро стеблото на предизвик не ќе може да се следи, но својот предизвик веќе го направи технолошката тројка. Творецот на Facebook Mark Zuckerberg...

Продолжи со читање