Автор: инфодеск
Post Views: 100 Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во...
Утрото ведро и студено, попладне променливо облачно
Post Views: 84 Наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.Минималните температури во Охрид од -2, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информриаат дека и утре под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во...
Утре показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“, „Новопроектирана“ привремено затворена за сообраќај
Post Views: 90 Утре во 10 часот во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност.Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната...
Почнуваат Рамазанските пости
Post Views: 83 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 19 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето...
Денес во охридската гимназија ќе се одржи работилница за знаковен јазик
Post Views: 75 Во организација на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, а во рамките на кампањата „Јас се грижам!“ и по повод одбележувањето на месец февруари – месецот на ретките болести, утре со почеток во 12:30 часот, во училишната библиотека ќе се одржи работилница за знаковен јазик.Работилницата се реализира во соработка со Здружението за глуви и наглуви лица – Охрид, кое преку практични примери и интерактивен пристап ќе ги запознае учениците со основите на знаковниот јазик и со значењето на правилната комуникација со лицата со оштетен слух....
Утре во Охрид проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“
Post Views: 95 Утре во Охрид ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот „Св. Апостол Павле“. Влезот за публиката ќе биде отворен од 19:30 часот.„Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, Јурук од оддалечено македонско село, кој своето прибежиште го пронаоѓа во музиката. Соочен со семејните очекувања, строгите правила на заедницата и забранетата љубов, Ахмет се обидува да го изгради сопствениот идентитет и да го следи својот сон. Филмот отвора важни...
Јованчо Мечкароски е нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Струга
Post Views: 112 Општина Струга официјално ја информира јавноста дека Јованчо Мечкароски е именуван за нов директор на Јавното Претпријатие „Водовод и Канализација“, Струга.Од општината информираат дека Мечкароски е магистер по банкарски финансии и менаџмент, со професионално искуство повеќе од 10 години работа на раководни позиции. Во текот на својата кариера, тој претежно бил ангажиран во организирање на работните процеси, управување со тимови и зголемување на институционалната ефикасност, покажувајќи силни организациски и менаџерски способности и додаваат дека именувањето...
„И ние можеме…“ – Ученичка иницијатива за безбедно и креативно училишно катче
Post Views: 130 Ученичкиот парламент на ООУ „Григор Прличев“ информира за нивната нова ученичка иницијатива за побезбедна училишна средина „И ние можеме…“.Имено, ученичката иницијатива „И ние можеме…“ се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонски центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада „Меѓаши“ и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детска фондација Песталоци.-Целта на иницијативата „И ние...
Ги запознаваме ретките болести: Синдром на кршење – Варшава
Post Views: 73 СИНДРОМ НА КРШЕЊЕ – ВАРШАВА/ WARSAW BREAKAGE SYNDROMEMKБ-10 Q87.8ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 100 живородени деца, особено кај Ашкеназите.ВОВЕДСиндромот на кршење – Варшава е генетски, мултисистемски, дисморфен синдром кој се карактеризира со пред- и постнатално ограничување на растот, микроцефалија, блага до тешка интелектуална попреченост, сензоневрален губиток на слухот со кохлеарни абнормалности и фацијален дисморфизам (со мало и издолжено лице, бифронтално стеснување, кратки нопични, мали нари, диспластични уши и краток врат)....
Езерската полиција е силна поддршка на рибочуварите
Post Views: 80 Откако Охридското Езеро е издадено под концесија незаконитиот риболов бележи намалување. Езерската полиција е силна поддршка на рибочуварите. Иако главната задача на полициските службеници е контролна на границата и чување на македонските територијални води тие се фокусирани и на сузбивање на незаконитиот риболов. Во текот на минатата и првиот месец од оваа година езерската полиција поднела педесет и три кривични пријави против рибокрадци и регистрирала уште триста прекршоци.– Активен е придонесот на Езерската полиција во делот на сузбивањето на...
Предложени девет нови амбасадори
Post Views: 113 Владата на вчерашната седница предложи 9 нови амбасадори, кои треба во следните денови да бида назначени на новите функции.Така меѓу кандидатите за амбасадори се Орхан Муртезани, кој треба да биде нов амбасадор на НАТО. Во Обединетото Кралство заминува Илина Мангова, а зад себе има долгогодишна кариера во невладиниот сектор и била дел од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).Линда Саљиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. Габриел Атанасов ќе го менува Андреј...
Светата маченичка Агатија
Post Views: 99 Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги...