Автор: инфодеск
Views: 314 Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април, НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид денес и утре ќе го одбележи со неколку настани.Денес, четврток во 12 часот во Прличевата одаја ќе се одржи свеченост на која на најмладите и највозрасните читатели и најчитатели од детскиот одделот за возрасни ќе им бидат врачени благодарници.Библиотеката ќе им се заблагодари и на околу 40 донатори на книги, а ќе бидат прочитани и светската и македонската порака во чест на празникот на книгата.Настанот ќе биде збогатен и со промоцијата на новиот пропаганден флаер со наслов...
Маченици Терентиј, Помпиј, Африкан, Максим, Зинон, Александар, Ифестиј и други 33
Views: 181 Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди, следува пораст на дневната температура
Views: 270 Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени.
Градоначалникот Пецаков оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман
Views: 274 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман, кој на државниот натпревар по математика го освои првото место со максимални 100 поени. Со овој успех младиот Ахмед стана и првенец на генерација во Република Македонија по математика.Дополнително, на онлајн натпреварите обезбеди пласман за учество на натпревар во Ашкабад, Туркменистан, што претставува уште едно големо признание за неговиот талент и знаење. За жал, поради настанатата ситуација, не му беше овозможено да отпатува и да ја претставува нашата држава на овој меѓународен...
Повеќе од 1.000 музичари ја бојкотираат Евровизија
Views: 428 Над 1.000 музичари потпишаа отворено писмо со повик на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел, објави Pitchfork. Меѓу потписниците, се: Роџер Вотерс, Massive Attack, Брајан Ино, Macklemore, Питер Габриел, Paloma Faith, Primal Scream, IDLES и Kneecap.Во писмото, објавено од кампањата No Music for Genocide во соработка со Palestinian Campaign for the Academic & Cultural Boycott of Israel, се наведува: „Одбиваме Евровизија да се користи за whitewashing и нормализирање на израелскиот геноцид“. Радиодифузери од Шпанија, Ирска, Исланд, Словенија и...
Со багер скинал кабел на ЕВН, пријава против 39-годишник од Лабуништа
Views: 344 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“.На 4 април 2026 година, кај местото викано „Караста“ во селото Лабуништа, пријавениот, додека извршувал работни задачи со работна машина багер, скинал електричен кабел, сопственост на ЕВН Македонија.
Молитвено торжество и поклонување на светите мошти на Св. Недела во Оровник
Views: 416 Молитвено торжество и поклонување на светите мошти на Св.вмч.Недела ќе се одржи на 25 и 26 април во манастирот „Св. Великомаченица Недела“ во селото Оровник. Од Дебарско-кичевската епархија упатуваат повик до верниците да присуствуваат на овој свет чин.Настан кој има силно духовно значење за православните верници во регионот се реализира на иницијатива на Црковниот одбор при манастирот „Св. Недела“ во Оровник, со активна поддршка и организација на свештенството од Дебарско-кичевската епархија, а со благослов на митрополитите г. Георгиј и г. Петар.Светите...
Технички причини го одложија денешниот најавен прекин на вода за четврток
Views: 300 Поради технички причини се одложува најавениот прекин во водоснабдувањето (поради поставување на нов вентил со профил ф 300 мм) и наместо на ден 22.04.2026 година (Среда) активностите ќе се извршуваат на ден 23.04.2026 година (Четврток), така што од 08:00 часот до завршување со активностите ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15ти Корпус“, дел од „7ми Ноември“ , „Живко Чинго“, „Рашанец“ с.Лескоец и дел од „Кленоец“ од пресекот со улицата „7ми ноември“ до пресекот со улицата „Железничка“.









