Skip to main content

Автор: инфодеск

26 издание на „Распеано рибарче“

Post Views: 255 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ присуствуваше на отворањето на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“  што се одржува по 26-ти пат во градов. Годинава настапија 38 изведувачи, а беа испеани 33 нови композиции.На отворањето во своето обраќање Божиноски истакна .– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство  што вечерва учествувам на отворањето на детскиот музички фестивал  „Распеано рибарче“ што по 26 –ти пат се одржува во Охрид.  На овој детски празник за очи и...

Продолжи со читање

„Рего Бис“ нема да лета до Охрид, откажа и вториот полски тур оператор

Post Views: 207  И „Рего Бис“ нема да лета до Охрид. По откажувањето на најголемиот полски тур оператор „Реинбоу“,  и покрај покачувањето на субвенциите за полските туристи на 65 евра по лице од страна на државата, и Рего Бис ја донесе истата одлука.Причината се високите цени, охридските хотелиери не понудиле олл инклузив услуга, со образложение дека не им се исплатува и немаат доволно персонал.Загубата оваа сезона се десетина илјади туристи помалку од Полска, и голем пад во бројот на ноќевања.-За жал не откажаа само Полјаците, има голем број на групи кои или се...

Продолжи со читање

Охрид танцува 20 години со студио Соната

Post Views: 413 Дваесет години Охрид танцува. Градот ја има првата танцова школа во земјава со сопствен печат, формирана од покојниот Коле Петкуќевски. Студитото за танц Соната како дирекни наследници постојат цели две децении. Тие се единствената школа во градот за модерни танци, современ балет и хип хоп. Танцот е еден вид дисциплина која има позитивни ефекти врз физичкото и менталното здравје.-Танцот е еден од најубавите, сакате да го сфатите како спорт едни велат овој светски ден на танцот се прославува во правец на популаризирање на танцот како дисциплина всушност...

Продолжи со читање

Во петок акција за подигање кабаст отпад во централното градско подрачје

Post Views: 173Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 09.05.2025 год. (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реонот опфатен со границите на улиците Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Македонија и населба Охридати–Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 09.05.2025 година и претходно локацијата да ја...

Продолжи со читање

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и град Пула

Post Views: 248 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ денеска во Пула потпишаа Меморандум за пријателство и соработка.Со овој дипломатски документ, двете локални самоуправи се обврзуваат во рамките на своите можности и надлежности, да воспостават соработка во областите на делување и тоа: економија, култура, образование, туризам, наука и истражување, ИТ технологии, младински прашања, здравство и социјална политика, јавни услуги, заштита и зачувување на културното наследство, заштита на природната средина,...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“

Post Views: 345 Денес ќе се оджи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” која СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид ја организира во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“ со должина од 3 км, а ќе биде во категории ученици, наставници и родители. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.Настанот ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците, а кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот...

Продолжи со читање

Традиционална Божествена Ѓурѓовденска литија денес во Струга

Post Views: 353 Денес со почеток во 16 часот во Струга, ќе се одржи традиционалната Божествена Ѓурѓовденска литија – Струшка Еордија.Денешниот настан е најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чиишто чесни мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината свештена икона „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление) од Бигорски, се главно обележје на годинешната Еордија.На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како...

Продолжи со читање

Светиот маченик Сава Стратилат

Post Views: 136 Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво, Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни маки: го биеја, го стружеа со железо и го гореа со свеќи. Но, не им подлегна на смртоносните маки, туку се јави жив и...

Продолжи со читање

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Post Views: 132 Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Денес наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана...

Продолжи со читање

Успешно реализирана обуката за жени претприемачи во Општина Охрид

Post Views: 161 Во насока на  развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик.Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше да ги унапреди капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и практични вештини во областа на...

Продолжи со читање

Реализирана обука за гасење на пожари на отворен простор

Post Views: 141 На иницијатива на Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид во текот на вчерашниот ден беше организирана Обука на Просторните сили на локално ниво за гасење пожари на отворен простор.Обуката беше реализирана од страна на тим на Одделението за обука при Дирекцијата за заштита и спасување и овластени лица од Општина Охрид. Покрај теоретски дел, обуката опфати и спроведување на практично показна противпожарна вежба.Со обуката беа опфатени околу сто учесници на Просторните сили на Општина  Охрид и тоа: Планинската Спасителна служба при Црвен...

Продолжи со читање

Во петок за најмладите детската театарска претстава „Шумската принцеза”

Post Views: 212 Во петок, во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“ ќе биде прикажана детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“.Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.Претставата изобилува со оргинална сценографија и костими, како и со многу музика, песни, едукативни и интерактивни моменти. Играат актерите: Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски. Ќе се одигра...

Продолжи со читање