Автор: инфодеск
Views: 94Цената по која ќе го продаде бутикот, италијанскиот индустријалец Carlo De Benedetti, претставува рекорден износ за еден објект кој ќе биде под брендот Chanel. Имено, француската модна куќа Chanel ќе плати 140 милиони евра за бутик на авенијата Монтењ во Париз. Фамилијата Wertheimer, во чиј посед е компанијата Chanel, ќе го превземе овој бутик под свој бренд, со површина од 600 метри квадратни, по рекордна цена од 230.000 евра по квадрат, пишува францускиот Figaro. Авенијата Монтењ претставува една од најдобрите локации за продажба на луксузна роба, така да, како што наведува...
Признание кое го шокира светот
Views: 76Многу фирми кои се наоѓаат на листата на часописот WirtschaftsWoche, веќе имаат расчистено со своето нацистичко минато, но останува запишано во историјата. Големи фирми како Bosch, Mercedes, Deutsche Bank, Volkswagen и други, користеле робовска работна сила која воглавно се состоела од заробеници од концентрационите логори, за време на Втората светска војна, пишува еден од најпопуларните часописи WirtschaftsWoche. Daimler уште во 1986 година признал дека користел 40.000 работници за присилна работа под невозможни животни услови за време на војната, што на фирмата и овозможило...
Дали Балканот е спремен за климатските промени
Views: 65Во моментот кога ОН предупредуваат на климатските промени како една од најголемите закани, а најголемите светски економии ги ставаат во фокусот на своите политики, колку е Балканот подготвен да се соочи со реалноста на промените во природата. Научниците предупредуваат дека влијанието на климатските промени е видлив, а глобалното затоплување носи последици како што се глад, болести, сиромаштво и војни. Со зголемувањето на температурите (се проценува раст на температурата на планетата да изнесува од 0,3 до 4,8 степени), Европа ја очекуваат суши, топлотни бранови, поплави, нешто што...
Отворено училиште за “спонзоруши”
Views: 75Едукативна усанова за спонзоруши и мажи кои бараат такви жени за животно дружење, е отворена во Њујорк. Професиналната “спонзоруша” Carla Abonia и нејзиниот ментор Alan Schneider во Њујорк отвориле училиште за жени кои бараат богати постари мажи кои финансиски ќе ги издржуваат, пишува metro. “Ќе ве научам како да гледате на врската за да биде просперитетна и корисна за двете страни”, вели Abonia. Оваа едукативна организација сака да ги научи учениците како да бидат успешни “спонзоруши” со помош на сексуалноста, разбирањето, дарежливоста, привлечноста и взаемноста. Исто така,...
Еве како во иднина ќе се смируваат протести
Views: 82Американската војска веќе со години користи беспилотни летала за напади на воени цели и им овозможува, без ризик за животот на своите војници, успешно да ги изведуваат операциите на непријателските подрачја. На слична идеја дошле во компанијата Desert Wolf каде направиле Skunk Riot Control Copter – посебно беспилотно летало чија цел ќе е смирување на големи протести, односно снимање, означување и растерување на протестанти. Ова летало е опремено со камери, звучници и силни рефлектори, така што може да ги снима и да ги осветлува протестантите и да им упатува пораки преку...
Тајниот интернет кој е сто пати побрз од Google Fiber
Views: 72Кога Patrick Pichette од Google рекол дека технолошкиот гигант наскоро, на корисниците во САД, ќе им обезбеди конекција од 10 гигабити по секунда, се чинело дека научната фантастика ќе стане стварност. Во прашање е илјада пати побрза конекција од било која денешна конекција која ја имаме дома, меѓутоа за NASA тоа и понатаму е преспоро. И додека сите ние користиме размена на податоци по јавен интернет, вселенската агенција користи посебна мрежа која се вика ESnet – Energy Science Network. Станува збор за приватна мрежа која успеала да отствари трансфер на податоци од едниот крај на...
Уште една причина за страв од пајаци
Views: 96Лицата кои страдаат од арахнофобија имаат уште една причина да се плашат од пајаци бидејќи научниците откриле дека одредени видови на овие инсекти ловат и јадат риби поголеми од себе. Научниците дошле до бројни докази ширум светот за постоење на полу-водени пајаци кои јадат риби. Одредени примероци можат да пливаат да нуркаат и да одат по површината на водата. Пајаците користат моќни неуротоксини и ензими за да ја усмртат и сварат рибата. “Обично на пајакот му се потребни неколку часови да ја изеде рибата и да останат само коските”, рекол за Reuters зоологот Martin Nifeler од...
Десет лица загинати во поплавите во Бугарија
Views: 73Десет лица загинале, а повеќе се водат како исчезнати, по силните дождови и поплави кои го погодија приморскиот град Варна, соопштија официјални лица во Бугарија. Шефот на регионалната полиција, Николај Калчев изјавил дека вчера доцна навечер се пронајдени десет давеници. Тој не можел да го каже точниот број на исчезнати бидејќи поголем дел од овој град на брегот на Црно море е поплавен. На фотографиите се прикажани улиците на Варна прекриени со калива вода во висина од еден метар, десетици автомобили како пловат, а спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до загрозените. Големи...









