Автор: инфодеск
Post Views: 311 Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст.Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април, отслужи осум години од затворската казна, а во моментот кога настапила смртта бил на отпуст поради влошено здравје.Неговото последно јавно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваше за тортурата низ која поминал, затворските денови и неговата иделогија.
Дојави за бомби во повеќе училишта низ Македонија
Post Views: 208 Утрово десетина основни училишта низ Македонија се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата.Изминатите денови голем број училишта во повеќе хрватски градови добија дојави за закани со бомби. Медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Туристичките водичи да се регистрираат во регистарот на општината каде живеат
Post Views: 288 Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.-Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку...
Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски
Post Views: 185 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен...
Сончево со температури до 7 степени
Post Views: 164 Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денешните теператури ќе бидат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.
Венец и визита во чест на охридскиот Хомер
Post Views: 82 По традиција во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев беа положени лавров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев во паркот пред НУ Библиотеката „Григор Прличев“. Пригодно обраќање имаше Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Живко Грозданоски по што во библиотеката со богата културна програма се одржа Прличевата визита.Годинешните свечености во чест на Прличев завршуваат вечерва со свечената приредба по повод Патрониот празник на ООУ Григор Прличев што ќе се одржи во Центарот за култура....
Свеченост во спомен куќата на Прличев
Post Views: 99 По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за посетителите. На настанот беа претставени и наградени најдобрите творби по распишаниот литературен конкурс на ООУ „Григор Прличев“ од ученичките Катја Крстаноска и Нина Кузманоска.Пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков:– Со поглед кон иднината поносни на минатото и културните епохи во кои го втемеливме културниот идентитет денес ги...
Цвеќе во чест на Прличев
Post Views: 98 Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.
Продолжува дигитализацијата на катастарот – нова он-лајн апликација за увид во статусот на барањата
Post Views: 202 Агенцијата за катастар на недвижности, во согласност со најавите, продолжува со дигитализација и модернизација на услугите, со цел целосна дигитална трансформација на институцијата. Од денес, официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот.Со новата апликација, се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен...
Младински Центар Охрид распишува повик за нови волонтери
Post Views: 152 Младински Центар Охрид распишува повик за нови волонтери на возраст од 15 до 29 години и за лица кои сакаат креативно да го исполнат своето слободното време, да стекнат нови знаења и да се запознаат и дружат со врсници со исти интереси.Лицата кои сакаат да бидат волонтери во Младинскиот центар ќе можат да придонесат за развојот на младинската заедница преку различни активности:-организирање и учество во настани, работилници и проекти-акции за зачувување на животната средина и поддршка на локалната заедница-креативни и едукативни иницијативи...
Одделението за Гинекологија и акушерство доби нов ЦТГ апарат
Post Views: 286 Од ЈЗУ Општа болница – Охрид информираат дека на одделението за Гинекологија и акушерство е дониран нов апарат- кардиотокограф кој располага со две сонди за кардиографија и една за токографија и е наменет за моноторинг на трудници со близначна бременост.В.Д. директорот спец. Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до фирмата Уни-Медикал за оваа значајна донација.
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хемофилија А
Post Views: 151Хемофилија А претставува ретко генетско хематолошко нарушување кое се карактеризира со спонтани или продолжени хеморагии поради недостаток на фактор VIII, што доведува до недостаток или недоволно ниво на протеин во крвта, односно на фактор за коагулација. Крвавењето може да се јави спонтано или по настаната мала повреда. Лицата со хемофилија А крвават подолго време, а продолженото крвавење може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Оваа состојба се јавува исклучиво кај лица од машки пол, родени од мајки носители поради Х-поврзано рецесивно...