Skip to main content

Автор: инфодеск

Пуштена во употреба новата спортска сала во ООУ„Ванчо Николески“ во Лескоец

Views: 391 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите соработници, денеска присуствуваа на свеченото отворање на новата спортска сала во ООУ„Ванчо Николески“ во село Лескоец.Новиот спортски објект се простира на површина од 592 квадратни метри и располага со современо повеќенаменско игралиште, соблекувални и придружни простории. Со нејзината изградба значително се подобруваат условите за изведување на наставата по физичко образование, но истовремено се создава простор за спорт, рекреација и дружење за сите жители на...

Продолжи со читање

Општина Струга и ЦУК со заеднички план за засилена подготвеност за пожари, поплави и кризни ситуации

Views: 336 Општина Струга оствари работна средба со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, при што заедно со градоначалникот, Менди Ќура, разговараа за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на заедничките капацитети за управување со ризици.Во фокусот на средбата беше подготовката во пресрет на сезона на пожари, со посебен акцент на координацијата на терен, ефикасното користење на ресурсите и обезбедување навремен и ефективен одговор при евентуални кризни ситуации.-Посебно внимание беше посветено и на информирањето на туристите за системот за...

Продолжи со читање

Прекин вода

За утре најавен повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Views: 262 Поради поставување на нов вентил со профил ф300 мм на ден 22.04.2026 година (Среда), од 08:00 часот до завршување со активностите ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15ти Корпус“, дел од „7ми Ноември“ , „Живко Чинго“, „Рашанец“ с.Лескоец и дел од „Кленоец“ од пресекот со улицата „7ми ноември“ до пресекот со улицата „Железничка“.

Продолжи со читање

Во петок монодрамата „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ ќе биде изведена во Охрид

Views: 342 Овој петок, 24 април, во Домот на култура „Глигор Прличев“ со почеток во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Менопауза“на Тијана Дапчевиќ.-Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовни недоразбирања и мажи во криза на средни години – Тијана без филтер ќе ве насмее до солзи уште од првата минута, порачуваат организаторите.Текстот е на Данило Вукотиќ, а режијата на Раде Вукотиќ.Билетите се во...

Продолжи со читање

Дел од услугите на uslugi.gov.mk привремено недостапни

Views: 382 Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека во моментов граѓаните не можат да користат дел од сервисите на Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk).Како што појаснуваат од ресорното министерство, привремениот прекин во функционирањето на порталот се должи на технички причини поврзани со тековното одржување, како и извршување на планирани активности за надградба на системската опрема.Од Министерството очекуваат електронските услуги повторно да бидат достапни многу скоро. За точниот момент на нормализација на порталот и повторната...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Views: 267 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Views: 226 Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главата, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, Свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на Св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар. Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат...

Продолжи со читање

Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и пад на температурите

Views: 262 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури во Охрид денес од 7, а максималните 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен...

Продолжи со читање