Skip to main content

Автор: инфодеск

На денешен ден некогаш се славеше денот на младоста

Views: 78Со носење на штафетата на младоста, славни спортисти и угледни младинци се качуваа на свечените трибини и ја предаваа штафетата  каде беа  Јосип Броз Тито, неговата сопруга и најблиските соработници. Штафетата беше секоја година со различен дизајн, а во неа се наоѓаа пораки на младината на СФРЈ за саканиот претседател од сите тогашни републики. Во тој свечен момент, со пригоден говор, Тито ја превземаше штафетата секогаш напомнувајќи дека таа е носена претходно од младинците и дека преминала илјадници километри предавајќи ја од рака в рака од Триглав до Гевгелија. Тоа било...

Продолжи со читање

Десет промени на телото во фаза на вљубеност

Views: 89Вљубеноста не ги активира само пеперутките во стомакот туку делува подобро и од лекови за болки… Ви откриваме десет фасцинантни промени во телото кои се активираат со вљубеноста. Мозокот ја менува активноста во дел од секунда – Љубовта на прв поглед најчесто звучи како клише или добро избрендиран наслов на холивудски филм, меѓутоа, во прилог на веродостојноста на првиот чекор на вљубување ни доаѓа најновото истражување. Имено, љубовта активира дури 12 подрачја на мозокот, и исходот е чувство на вљубеност веќе во петтата секунда. Срцето го успорува својот ритам – Вљубеноста...

Продолжи со читање

Мал трик кој ќе ве ослободи од забоболка

Views: 87Истражувањето во Канада во осудесетите години покажало како е можно да се отстрани или барем да се намали забоболката без отворање на устата. Забоболката е честа болест кај луѓето, а повеќемина имаат и страв од заболекар и затоа вреди да се проба со помош на коцка мраз да се отстрани болката на забот. Се што е потребно да направите е коцката мраз да ја ставите помеѓу палецот и показалецот и полека да триете по дланката неколку минути. Токму тоа подрачје на дланката е местото каде завршуваат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кој го контролира...

Продолжи со читање

Ги проголтал редок временски феномен

Views: 86Неодамна додека пловеле со својот рибарски брод, рибарот Ендрју Балард во друштво на својот татко, наишле на несекојдневна глетка на езерото Мичиген. Од својот брод воочиле огромен облак кој пред нив направил бел ѕид што се спуштал на површината на езерото и во права линија се протегал десетина километри. Во сцена која потсеќала на глетка од филмовите на стравот и ужасот, облакот се приближувал а набрзо го проголтува малиот рибарски брод. Ендрју рекол дека тој и татко му одлучиле да останат на езерото и да видат како е кога ќе те проголта ваков облак. “Видовме како низок облак се...

Продолжи со читање

YouТube намерно ги замрзува новите видеа

Views: 79Кога се поставува ново видео на YouTybe и станува многу гледано, Google сака да се осигура дека тие прегледувања доаѓаат од вистински посетители е дека не се во прашање наместени кликања од одредени компании или поединци за да свртат внимание на своето видео. Токму заради тоа YouTube го запира бројачот на 301 преглед се додека неговиот состав, статистички, не  го прегледа видеото и на неговите копии на серверите ширум светот. Тед Хамилтон, еден од менаџерите во YouTube, вели дека не знае зошто е токму тој број избран, и додава дека секое видео што ќе привлече голем број на...

Продолжи со читање

Градоначалник ја поминал ноќта како бездомник

Views: 78Сам почувствувал со што се соочуваат луѓето кои живеат на улица. Градоначалникот на Стоктон во Калифорнија, Ентони Силва, одлучил во неговиот град да нема повеќе бездомници, но пред да промени било што, решил сам да го почувствува животот под ведро небо. Така, на 15 мај, Силва направил засолниште од картони и селотејп под надвозникот и тука ја поминал ноќта во друштво со голем број бездомници. Имено, во Стоктон има помеѓу 14 и 16 илјади бездомници, а градоначалникот бил шокиран од приказните кои ги слушнал од нив. “Ова е шокантно и ужасно. Ова не е земја на третиот свет. Ова е...

Продолжи со читање

Што е всушност HAARP

Views: 106Во моментите на критични последици од климатските промени, еден од најпопуларните истражувачки проекти е проектот HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program). Тоа е здружен проект на различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана, и бројни универзитети во САД (Калифорнискиот универзитет, Универзитетот во Аљаска, Тенолошкиот институт во Масачусетс, Стенфорд, Дартмоут, Тулса, Клемсон, Пен Стејт, Мериленд и Корнел универзитетот). Од 1990 па се до 2007 година, студентите и експертите по физика се обидуваа да разберат и да го истражат сложениот дел...

Продолжи со читање

Волонтер вратил пари на сопственикот

Views: 161Волонтерот Драган Вујановиќ, кој заедно со колегите учествувал во акцијата за средување на Караѓорѓевата населба, пронашол паричник во кој се наоѓале 1800 евра, и во присуство на полицијата го вратил паричникот на сопственичката која била една од загрозените од поплавите.На денешната акција Вујановиќ дошол со колегите од работа и случајно го забележал паричникот. Во прв момент помислил дека некој изгубил документи, но кога го подигнал паричникот забележал дека внатре има пари.Тој веднаш соопштил на сите што се наоѓале во близина, а меѓу нив биле и жители од населбата кои го...

Продолжи со читање