Автор: инфодеск
Post Views: 172 Утре ќе се одржи 26-тото издание на „Распеано рибарче“ во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.Организаторите најавуваат изведби на 33 нови детски песни.-Ќе има 38 изведувачи, а со балетските точки на сцената ќе продефилираат над 90 деца од нашиот убав Охрид. Во нив има нови детски фестивалски хитови кои ќе се слушаат и пеат на родендените, во градинките и училиштата. Уште еден доказ дека Фестивалот е вистински празник за градот. И дека Рибарчето е всушност е вистинското место на кое младите ќе го покажат својот талент, а потоа ќе го...
Преподобен Теодор Сикеот
Post Views: 155 Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј многупати му се јавуваше и на самиот Теодор или за да го поучи или за да го спаси од некоја опасност во којашто би западнал од...
Променливо облачно со услови за краткотраен дожд
Post Views: 149Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 22 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.Фото: Ѓоко Симјаноски
Македонија одбележа 122 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев
Post Views: 247 Македонија денес одбележува 122 години од погибијата на националниот херој и клучен деец на Македонската револуционерна организација – Гоце Делчев.Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.Пред вечниот покој на македонскиот великан Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, свежо цвеќе положи Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за...
Свештеномаченик Јануариј епископ и со него мачениците Прокул, Сосиј и Фавст ѓакони, Дисидериј чтец, Евтихиј и Акутион
Post Views: 173 Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон, Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во...
Денес ќе имаме сончево и многу топло време
Post Views: 159 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми.Минималните температури од 8 степени, а максималните до 24 степени Целзиусови.Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, информираат од УХМР.
Одбојкарите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со освоени прво и трето место на Општинската лига
Post Views: 266 Со натпреварите од нокаут фазата успешно заврши Општинската лига 2024/2025г. во Одбојка за средните училишта.Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” со гордост најавија дека го освоија првото место во машка конкуренција, но, и третото место во женска конкуренција.Честитки за ученици и нивните ментори на ова првенство.
СВР Охрид на средби со населението од охридските села за поголема заштита на шумите од пожари
Post Views: 169 Отсекот за превенција при СВР Охрид одржа работна средба со месното население од охридските села Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила.–Средбите имаа превентивно едукативен карактер со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, при што, низ разговори и интеракција, пред жителите на овие населени места беа изнесени општите мерки и посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите и другите површини на отворен простор од пожари, информираат од СВР Охрид.Полициските...
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик
Post Views: 172 Премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 години македонска современа азбука – кирилица“. Автори се ученици од ООУ „Братство – Единство“ под менторство на наставничките по македонски јазик: Љубинка Михајловска, Маја Гугоска – Дулеска и Сара Серафимоска. Ученичката Ана Томовска од истото училиште ќе чита извадоци инспирирани од вековната борба за македонскиот јазик и македонската самостојност од Кочо Рацин и Крсте Петков – Мисирков, а на виолина песната „Охрид, Охрид, убав, мил“ ќе ја изведе ученичката Бисера Радеска од одделението на наставничката...
Приведен 40 годишен охриѓанец, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца
Post Views: 196 На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишен од слобода е (40) годишен охриѓанец, кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца.-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“, информираат од СВР Охрид.
Сончево и топло со температури до 24 степени Целзиусови
Post Views: 157 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.И утре ќе виде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денешните температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 8 до 24 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Преподобен Теодор Трихин
Post Views: 166 Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија. Таму се предаде себеси на најтешки подвизи. Спиеше на камења, за да има помалку сон, и постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“. Заради ова големото самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.