Skip to main content

Автор: инфодеск

Чествување на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица

Post Views: 260 Соопштението од манастирот во Рајчица во врска со чествувањето на Свети Георгиј Победоносец го пренесуваме со целост:На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, ја имаме радоста и честа да ве поканиме на слава во неговиот свет манастир во Рајчица:– понеделник, 5 мај 2025 –– Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г....

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци освоија прво и трето место на Општинската лига во одбојка

Post Views: 191 На 30 април се одржаа натпреварите од нокаут фазата со кои успешно заврши Општинската лига во одбојка за Средни училишта во машка и женска конкуренција.Гимназијалците можат да се пофалат со одлични резултати и тоа прво место во женска конкуренција и трето место во машка конкуренција.ПОЛУФИНАЛЕ (Машка конкуренција)ОСУ “Св.Климент Охридски” 1:2 СОСУ “Св.Кирил и Методиј”ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” 2:0 ДСТУУ “Ванчо Питошески”ФИНАЛЕОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” 2:0 СОСУ “Св.Кирил и Методиј”Пласман:1.ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”2.СОСУ...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на регионалната наставничка конференција „Креативно учителско творештво“

Post Views: 173 Денеска во Охрид, започна регионалната наставничка конференција „Креативно учителско творештво“ што се одржува по осми пат. На настанот учествуваат просветни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и  Херцеговина и Црна Гора.На свеченото отворање пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Дозволете да  го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на 8-та  по ред регионална  наставничка конференција „Креативното учителско творештво“. Станува збор за исклучително важен...

Продолжи со читање

Пријава за охриѓанец кој се однесувал агресивно и кршел стаклени предмети во угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“

Post Views: 270 На 1. мај 2025 година, во 16:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, лице од Охрид го нарушило јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на стаклени предмети.– Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид

Продолжи со читање

Во петок хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“

Post Views: 171 Традиционално, и оваа година средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид организираат музичко-сценски настап од хуманитарен карактер.–На 09.05.2025 година дворот на ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид гимназијалците ќе ви се претстават со музичко-сценски настап кој сигурно ќе ги плени вашите срца. Како и секоја година настанот е тематски, а годинава ќе слушнете прекрасна музика од 60тите години па наваму. Годинава истиот е посветен на настаните од Кочани!, велат од гимназијата.Картите ќе бидат во продажба од понеделник, 05.05.2025, а...

Продолжи со читање

Времен прекин на одржување настани во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 384 Поради неисполнување на технички услови во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани.-Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидратна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, велат од Центарот за култура.Од Центарот не наведуваат повеќе детали во поглед на отпочнување и временски период за завршување на активностите во оваа насока и обезбедување услови за отпочнување на одржување на настани.

Продолжи со читање

Преподобна Матрона Московска

Post Views: 227 Родена е во 1881 година, во сиромашно селско семејство. Родена е слепа. Од раното детство покажуваше дарови на прозорливост и исцеление, ги предвидуваше несреќите и ги предупредуваше луѓето. Во седумнаесеттата година ѝ се одземаа нозете. Во 1925 година се пресели во Москва. Секојдневно Матрона примаше и по педесет луѓе кои доаѓаа при неа со душевни и телесни неволји. Никому не одби да помогне, но ги препознаваше оние кои доаѓаа со зли намери. Се упокои во Господа на 2 мај 1952 година, а погребана е на даниловските гробишта, покрај црквата, по нејзината желба „за...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Post Views: 165 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 22 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Физички нападната 34-годишна жена охриѓанка

Post Views: 163  На 1. мај 2025 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 30-ти април 2025 година, во 23:30 часот, во стан во Охрид, едно лице физички нападнал 34-годишна жена од Охрид.– Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Во понеделник акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град

Post Views: 169Од 05.05.2025 год.(понеделник), Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид започнува со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Претпријатието ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.05.2025 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.05.2025 година и претходно...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот

Post Views: 170 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот.-Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред. Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста. Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни празнични мигови!, стои во честитката на Пецаков.

Продолжи со читање

Во сабота Тениски фестивал на Плоштадот во Охрид

Post Views: 206Тениската Федерација на Република Македонија, викендов во Охрид го организира тенискиот фестивал 2025 „Запознај го тенисот низ игра и дружба“.-Овој викенд Тениската авантура ја носиме во градот Охрид. Ги повикуваме сите заинтересирани дечиња од Охрид и околината да бидат дел од тениската забава која ќе се одржи на Плоштадот во Охрид во сабота – 3ти мај, со почеток од 11часот. Се запознаваме и учиме детски тенис на мини терени. За сите учесници следат и мали изненадувања од нашите спонзори., велат организаторите.

Продолжи со читање