Автор: инфодеск
Post Views: 263 Денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден. Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени.Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на...
Преподобен Јован и Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник
Post Views: 267 Ученик на светиот Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес, царот Лав Ерменин го подложи свети Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со свети Јосиф Песнописец. Кога Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта, Јосиф го погреба Јована близу до гробот на неговиот учител Григориј.Козма и Авксентиј живееја во 9 век, во времето кога иконоборците ги гонеа приврзаниците на...
УХМР: Следува период на топло време
Post Views: 255 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.Од УХМР информираат дека следува период на топло време. Денес и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Одржана 56. Седница на Советот на Оштина Охрид, усвоен ребаланс на буџетот
Post Views: 172 Советниците на денешната 56. Седница на Совет изгласаа ребаланс на Буџетот со измени и дополнувања на неколку годинишни развојни програми. Дневниот ред беше дополнет со овие предлог одлуки поради потребата од распределување на вишок на финансиски средства на сметката на општината.–Добивме известување од Министерството за финансии дека покрај износот на дотации за ДДВ од 2025 општината има и дополнителни средства од делот за перформанси согласно финансиската успешност поради што има вишок на средства во износ од 108. милиони денари кои со ребалансот се...
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 11, УБ 11.4 Опфат 2
Post Views: 233 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 29.04.2025 година, донесе ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 11, УБ 11.4 ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.
Кривична за охриѓанец кој во повеќе наврати силувал малолетничка, минатиот месец родила дете
Post Views: 156 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.– Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од СВР Охрид.
Кривична за 30-годишен охриѓанец, бил фатен со кокаин па ја проголтал опаковката
Post Views: 181 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.– Тој, на 7-ми март 2025 година, во 17:10 часот, од лице од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога. Притоа, лицето, со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во...
Нова водоводна линија во населба Бејбунар
Post Views: 158 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради во населбата Бејбунар.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 1305 метри и тоа:– Профил ф160 мм во должина од 720 метри– Профил ф110 мм во должина од 537 метри– Профил ф90 мм во должина од 48 метриОд претпријатието информираат дека средствата за реализација на проектот во вредност од 11.973.439,00 денари се обезбедени од буџетот на...
Охриѓанецот Леонид Тодороски освои бронзен медал на Балканската математичка олимпијада во Босна
Post Views: 227 Охриѓанецот Леонид Тодороски меѓу македонските средношколци кои постигнаа одлични резултати на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО) 2025 одржана во Сараево.-На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, тимот на Република Македонија освои еден златен, еден сребрен, три бронзени медали и едно успешно учество. – се вели во соопштението од Сојузот на математичари на Македонија.Златниот медал го освои Дамјан Давков, сребро освои Алексиј Тасиќ, додека...
Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“
Post Views: 243 Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид објавуваат литературен и ликовен конкурс на тема: „Глас на хуманоста“Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца, како и други заинтересирани...
Преподобномаченик Кипријан слепченски
Post Views: 156 Во времето кога, заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да владеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча, на Велики четврток, во 1780 година. Притоа, свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа, храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците зедоа сè што беше вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан, по тридневното страдање,...
Сончево и топло со температури до 20 степени Целзиусови
Post Views: 149 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 7 до 20 степени Целзиусови.