Skip to main content

Автор: инфодеск

„Општински семафор 2026“ – младост, дружење, едукација и награди

Views: 431 Со цел подигнување на сообраќајната култура кај најмладите, во Охрид се одржа сообраќајно-едукативниот проект „Општински семафор 2026“, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за детско престапништво.Настанот беше насочен кон едукација на децата и младите за правилно и безбедно учество во сообраќајот, преку теоретски сообраќајни тестови и практичен дел на сообраќаен полигон поставен на кеј „Македонија“, каде учениците ги демонстрираа своите вештини во управување велосипед. Се одржа и сообраќаен квиз за...

Продолжи со читање

Градски пазар

ЈП Градски Пазар Охрид издава локација за поставување велосипедска постојка

Views: 222 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување мобилна урбана опрема за комерцијално користење – велосипедска постојка на локација Булевар “Македонски Просветители”-Охрид.Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.05.2026 до 15.09.2026 година.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.Пријавите да се достават...

Продолжи со читање

Галичица

Кривична пријава за в.д директорка на НП „Галичица“ за дозволени градежни активности во заштитен појас

Views: 306 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.– Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за...

Продолжи со читање

Вевчани реализира проекти со владина помош колку 2,5 општински буџети

Views: 344 Во најмалата општина во земјава  во изминативе две години  се реализирани вкупно 9 проекти. Станува збор за инфраструктурни проекти, вредни  околу 26 милиони денари обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на ВладатаЗа инвестиции во инфраструктира опрема и енергетска ефикасност општината со скромен буџет од 10 милиони денари доби  дополнително  пари во висина од дополнителни   2.5 буџети- помош од државата-Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да помагаме, особено на помалите општини, затоа што навистина им е потребна...

Продолжи со читање

„Фер ангажман“- нови можности за сезонска и повремена работа, Законот за работно ангажирање на лица презентиран пред охриѓани

Views: 327 Во Општина Охрид денеска се одржа инфо сесија на тема „Фер ангажман“, на која пред претставници од бизнис секторот, особено од хотелско-угостителската дејност, беше презентирано новото законско решение за работно ангажирање на лица.Настанот беше насочен кон актуелните предизвици со кои се соочуваат работодавачите, особено во туризмот и угостителството, каде потребата од брзо и флексибилно ангажирање работна сила е сè поизразена. Присутните имаа можност да се информираат за поедноставените процедури и новиот пристап кој треба да го намали административниот товар и ризиците од...

Продолжи со читање

Стартуваше 52-от општински натпревар по прва помош

Views: 256 Утринава, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го означи почетокот на 52-от Општински натпревар по прва помош кој под мотото „ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ“ во организација на Црвен крст Охрид се одржува денес во Охрид.На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 200 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.И оваа година на општинскиот натпревар по прва помош ќе се применуваат критериуми и стандарди кои се...

Продолжи со читање

Охридски аеродром

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром

Views: 300 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.Целта е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации, велат од МВР.Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.

Продолжи со читање

Денес е Источен или „Светол“ петок – Балаклија

Views: 386 Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три...

Продолжи со читање