Skip to main content

Автор: инфодеск

Стартуваше 52-от општински натпревар по прва помош

Views: 257 Утринава, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го означи почетокот на 52-от Општински натпревар по прва помош кој под мотото „ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ“ во организација на Црвен крст Охрид се одржува денес во Охрид.На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 200 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.И оваа година на општинскиот натпревар по прва помош ќе се применуваат критериуми и стандарди кои се...

Продолжи со читање

Охридски аеродром

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром

Views: 300 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.Целта е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации, велат од МВР.Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.

Продолжи со читање

Денес е Источен или „Светол“ петок – Балаклија

Views: 386 Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 264 Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури денес во Охрид од 9, а максималните до 20 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека и утре, сабота, ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Продолжи со читање

Нови програми за специјализации и супспецијализации: Општа хирургија и интерна медицина ќе траат по пет години

Views: 433 Во рамки на реформата на системот на здравствена заштита се унапредува еден од најважните сегменти кои имаат директно влијание врз квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат граѓаните, а тоа е системот на специјализации и супспецијализации. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој ги презентираше новите програми за специјализации и супспецијализации.-Анализите покажаа дека имаме тесно профилирани специјалисти со ограничена применливост, недоволна практична подготвеност, особено во итната и интензивната медицина, како и...

Продолжи со читање

Црн Дрим

Отворен литературен конкурс „Од срце за Миладиновци“ по повод 165 години од Зборникот

Views: 600 Фондацијатa „Браќа Миладиновци – Миладиновско слово“ основана од потомците на Димитрија Хр. Миладинов, Ристе Миладин и неговите синови Димитрија и Константин, по повод 165 години од издавањето на ,,Зборникот” на Браќата Миладиновци, распишува отворен литературен конкурс на тема „Од срце за Миладиновци“.Во чест на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци, а со цел одбележување на нивното културно и историско значење, овој конкурс има за цел создавање литературни творби посветени на нивниот живот, дело и придонес кон македонската преродба и духовна...

Продолжи со читање

Времен режим на сообраќај на ул. „Кеј Македонија“

Views: 316 Од денес 16.04.2026 година, од 12:00 часот до утре 17.04.2026 година до 15:00 часот, стапува на сила времен режим на сообраќај на ул. „Кеј Македонија“ на потегот од  крстосница со ул. „Македонски Просветители“ до пресекот со ул.„Ванчо Николески.Времениот режим за сообраќај е поради оддржување на манифестацијата ,,Општински семафор 2026″. Во посочениот периодот се забранува секаков вид на сообраќај.Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Продолжи со читање

За десетина дена започнува изградбата на катната гаража во Охрид

Views: 574 Охрид конечно го решава проблемот со паркирањето. За десеттина дена започнува изградбата на катната гаража во градот. Објектот ќе се гради на просторот на Градскиот пазар, ќе биде со пет ката и ќе обезбеди околу 200 паркинг места. Со катната гаража ќе стопанисува ЈП „Градски пазар“.Овој капитален проект, кој со години беше меѓу најголемите барања на охриѓани, се очекува значително да го олесни паркирањето и да го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот.„Она што долго време го очекуваа граѓаните, без исклучок – според сите јавни испитувања на мислењето,...

Продолжи со читање