Автор: инфодеск
Views: 355 Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, по повод празникот Источен петок – Балаклија, ќе се служи утрена и литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид (Едноцрквие).Почетокот е во 07:30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештество Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј.
АХВ уништи повеќе од 40 тони небезбедни јајца
Views: 266 Парични казни од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници, соопштуваат од АХВ.-Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија кои беше спречено да се прошверцуваат во земјава – стои во соопштението од АХВ.Оттаму дополнуваат дека за...
Без вода корисниците од неколку улици во центарот на Охрид
Views: 330 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“„Серафим Китаноски“, „Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од булевар „Туристичка“ и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Eкипи се на терен до целосно завршување на санацијата.
На 16 и 17 април во Охрид ќе се одржи „Општински семафор 2026″
Views: 401 Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за детско престапништво Охрид, на 16 и 17 април 2026 година во Охрид ќе се одржи сообраќајно едукативниот проект „Општински семафор 2026″ наменет за едукација на децата и младите од областа на сообраќајот и јакнење на нивната сообраќајна и безбедносна култура.Утре со почеток во 09.30 часот, по извршено регистрирање на учесниците од основните училишта, ќе биде спроведено теоретското тестирање на екипите со полагање сообраќајни тестови а задутре од 09.30 часот, на...
Македонска пошта доби 100 нови товарни возила за поквалитетни поштенски услуги
Views: 301 Македонска пошта доби 100 нови товарни возила, од кои 90 се пикапи и 10 комби, со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги. Малите возила се со носивост од 750 кг, додека големите се со носивост од 1.800 кг и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на Пошта. Набавката е вредна 104 милиони денари.Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Македонска пошта, Орхан Куртиши, ги промовираа новите возила. истакна...
Во петок во Охрид ќе се одржи информативна сесија „ФЕР АНГАЖМАН” за Законот за работно ангажирање на лица
Views: 296 На 17-ти април 2026 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во Општина Охрид (сала на Совет), ќе се одржи информативната сесија „ФЕР АНГАЖМАН”, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.Настанот се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН”, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија”, кој го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), во соработка со Министерството за економија и труд и...
Делегација од Истарската жупанија во посета на Општина Охрид
Views: 264 Делегација од Истарската жупанија денеска беше во посета на Општина Охрид пришто оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Совет, Перчо Божиновски.– Денес имав особена чест да ја примам делегацијата од Истарската жупанија, во чиј состав беше и нашиот почитуван отец од Ријека. Оваа посета е уште една потврда за силното пријателство кое Охрид го негува со овој регион. Нашите врски со Истра веќе имаат цврсти темели преку воспоставеното пријателството со градот Пула и активната соработка со Здружението на Македонци „Св. Кирил и Методиј“ од Пула. Нашата...
Jавна расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 11 УБ 11.1 и ДУП за УЗ 11, УБ 11.1 опфат 3
Views: 225 Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Измена и дополнување на ГУП за УЗ 11 УБ 11.1 и ДУП за УЗ 11, УБ 11.1 опфат 3, Општина ОхридИзвештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата , Општина Охрид, секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи од 15.04.2026 год. до 15.05.2026 год.Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 07.05.2026г.во...









