Автор: инфодеск
Post Views: 145 Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 по трет пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид спроведе Конкурс за избор на најдобра беседа во духот на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „Чувај се себеси“.Од пристигнатите 8 беседи на Конкурсот комисијата оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина како најдобра ја одбра беседата „Чувај се себеси“ “ под шифра: „1111“.На Конкурсот кој се организираше на државно ниво имаа право да се пријават млади автори од 15 до 30 годишна возраст, велат од...
ШК Ласкер организира екипна Бизнис лига во шах
Post Views: 274 ШК Ласкер Охрид, организира екипна Бизнис лига во шах за вработените во јавните и приватните правни субјекти од подрачјето на Општина Охрид. Целта е развој на шахот, а воедно и дружење и меѓусебно запознавање. Секоја фирма може да настапува само со една екипа, а натпреварите од лигата ќе се играат секој понеделник, во текот на март, април и мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот во просториите на клубот во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, по однапред договорен редослед.Рок за пријавување на екипите со комплетен основен состав и капитен е најдоцна до...
Дефект на водоводната мрежа во дел од Охрид и Пештани
Post Views: 154 Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“ , „Дејан Војвода“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“(прв дефект); и с.Пештани (втор дефект).Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санациите.
Јавна презентација на урбанистички план за изградба на линиска инфраструктура со намена Е 1.1-локален пат од с. Лескоец до с. Горно Лакочереј и с. Долно Лакочереј, како низ КО Охрид 4,КО Долно Лакочереј, КО Долно Лакочереј -вон град и КО Горно Лакочереј-вон град, Општина Охрид
Post Views: 223 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р АЈавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на...
Општина Охрид доделува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст
Post Views: 158 Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ.Повеќе информации на линкот.
Општина Дебрца се приклучува на кампањата „Општина на дланка“
Post Views: 154 Од Општина Дебрца информираат дека се приклучуваат на кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа, а целта на кампањата е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.Во рамките на...
Преподобен Гаврил Лесновски
Post Views: 162 Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се...
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 176 Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Од крајот на денот на запад облачност ќе се зголеми, а преку ноќта ќе има услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.И денес, како и вчера, температурите во интервал од 0 до 12 степени Целзиусови.Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. Од утре попладне и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет,...
На 1-ви февруари ќе започне седмата сезона од Националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
Post Views: 166 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена јавноста ќе има можност повторно да се запознава со ретките болести од кои заболуваат жителите од охридско-струшкиот регион. Националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести’ ја одбележува својата седма сезона која започнува на 1 ви февруари 2025 и во рамки на која ќе бидат емитувани нови 28 текстови за ретки болести кои се дијагностицирани во овој регион.„ За нас како пациентско здружение...
Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Свети Сава
Post Views: 209 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница по повод големиот христијански празник Свети Сава.– Почитувани припадници на српската заедница, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието.Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот...
Српската заедница од Охрид денес ќе го одбележи големиот празник Свети Сава
Post Views: 190 Денес, српската заедница од Охрид во 14:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.-Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, додаваат во...
Општина Дебрца: Започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести – село Белчишта
Post Views: 159 Од Општина Дебрца информираат дека започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 1 /,во должина од 1400 метри.За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари а дел од потребните средства ќе се дообезбедат од Буџетот на општината за 2025 година.– Ги информираме граѓаните,особено оние кои имаат недвижен имот покрај патниот правец,дека трасата утврдена со проектот поминува исклучиво по имот на Република...