Автор: инфодеск
Post Views: 21 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека утре ќе има неколкучасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица поради приклучок на вториот дел од кабелот на трасата Суво поле – Вевчани.
НУ Библиотека “Григор Прличев: Одделот за издавање е повторно во функција
Post Views: 6 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради навремено интервенирање одделот за издавање повторно е во функција од 12:00 часот.
Уште една трагедија во Србија: Чамец со 11 патници се преврте во Дунав
Post Views: 10 Ноќеска се преврте чамец во Дунав во близина на Бачка Паланка, на границата помеѓу Србија и Хрватска. Според првичните информации, во бродот имало 10 државјани на Кина и еден државјанин на Србија, кои сакале нелегално да ја преминат државната граница.Спасувачите и понатаму трагаат за исчезнатите лица, додека на терен се присутни екипи на брза помош, полиција и пожарникари. Во помош се вклучени и специјализирани тимови за спасување на вода од Србија и Хрватска.
Денес показна вежба за евакуација и спасување на вработените по случена елементарна непогода во „Леарница“
Post Views: 14 Денеска продолжуваат увежбувањата за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, и Црвен крст Охрид.-Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денес, понеделник, 06.10.2025 г. во компанијата ЛТХ Леарница во индустриската зона Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување на вработените во компанијата, според соодветно сценарио за случена...
Одделот за издавање при градската Библиотека денес нема да работи поради технички проблеми
Post Views: 15 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради технички проблеми одделот- издавање денес нема да биде во функција.
Зачнување на свети Јован Крстител
Post Views: 8 На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и...
УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 18 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Дарио Ивановски триумфираше на Скопскиот маратон
Post Views: 15 Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски победи на денешниот Скопски Виз ер маратон во машка конкуренција, кој во драматичен финиш, во последните два километри од трката го помина фаворизираниот Кениец Џулиос Кипкоеч и целта ја мина за време од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Кениецот ја освои втората позиција со резултат од 02:15:20 часа, а третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили со време од 02:24:48 часа.Ова е втора победа за Ивановски на Скопскиот маратон, откако претходно прв ја мина целта во 2021 година. Со оваа победа најдобриот...