Skip to main content

Автор: инфодеск

„Парите се отепувачка“ вечер на репертоарот на Народен театар Охрид

Post Views: 41 АРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА” од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок (13.03.2026 година), почеток 20.00 часот.Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во неповторливиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“ Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.Адаптација и режија : Андреј ЦветановскиСцена, костими...

Продолжи со читање

41-годишна охриѓанка со тешки повреди по несреќа на работно место во фабрика

Post Views: 70 На 13 март 2026 година, во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена 41-годишна жена од Охрид.– Од преземените мерки, констатирано е дека жената повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје. СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема...

Продолжи со читање

Се роди сто и дваесеттото дете во Охрид од почетокот на годинава

Post Views: 44 На одделението за Гинекологија и акушерство – Охрид се роди 120-тото бебе во 2026 година.-Ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука – за Вас, порачаа од одделението.Според д-р Мимоза Влаши раководител на Одделението за гинекологија и акушерство, бројот на новороденчиња бележи зголемување од 35% споредбено со истиот период од претходната година.Д-р Влаши додава дека зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи...

Продолжи со читање

Свештеномаченик Протериј, патријарх Александриски

Post Views: 46 Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, а Диоскор беше симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала локална облачност, од утре променливо облачно време со сончеви периоди

Post Views: 49 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од утре, сабота, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Објавени добитниците на стипендии за ученици и студенти за учебната 2025/2026 година за лица со ретки болести и посебни потреби

Post Views: 50 Во врска со објавениот Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2025/2026, Општина Охрид ја објавува ранг листата на добитници на стипендии, наменети за овие категории.Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 17.03.2026 до 19.03.2026 година, во мала сала на Општина Охрид од 09:00 до 12:.00 часот.Повеќе...

Продолжи со читање

За година и пол долгот на Општа болница Охрид е намален за еден милион евра

Post Views: 78 За година и пол долгот на Општата болница во Охрид е намален за еден милион евра. Најголемиот дел од обврските се однесувале на набавки на медицински материјали и лекови, кои се меѓу најголемите трошоци во работењето на здравствените установи.– Точно пред година и пол долгот беше 170 милиони денари нормално не може точно да се каже затоа што секогаш има тековни фактури и трошоци кои пристигнуваат. Во овој момент долгот изнесува 110 милиони денари. Или отприлика е намален за 1 милион евра кон побарувачите. Долговите пред се кон фармацевтските компании...

Продолжи со читање

Не чекајте симптоми, правете контроли навреме, порачуваат од „Нефрологија“ Струга по повод Светскиот ден на бубрегот

Post Views: 48 Денес се одбележува Светскиот ден на бубрезите, под мотото: „Здрави бубрези за сите: Грижа за луѓето, заштита за планетата.“ Овој ден има за цел да ја зголеми свеста за значењето на здравјето на бубрезите и превенцијата од бубрежни заболувања.По тој повод зградата на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга беше осветлена како симбол на поддршка.Според глобалните податоци, околу 850 милиони луѓе во светот живеат со некаква форма на бубрежно заболување, додека во Македонија се проценува дека околу 100 илјади лица страдаат од хронична...

Продолжи со читање

Трајановски и Чен Чен од Синохидро го потпишаа Анекс бр.8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Post Views: 57 Денеска ставија потпис на Анексот 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.Претходно анексот го потпишаа заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и...

Продолжи со читање

Бројот на туристи во јануари зголемен за 6.2%

Post Views: 55 Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943, од кои 38,2  проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6 732, Србија, 3 563, Бугарија, 3 256, Грција, 3 060.Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 % од странски туристи.Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6,2 проценти, а бројот на...

Продолжи со читање

Ретки бубрежни заболувања: Алпортов синдром

Post Views: 48 Денеска, 12-ти март, се одбележува јубилејниот 20-ти Светски ден на бубрегот. Здружението „Ретко е да си редок“ овој ден го посветуваат на пациентите со ретки бубрежни дијагнози. Во ова насока е и објавувањето на денешниот авторски текст на д-р Николина Смоковска, специјалист интернист и субспецијалист нефролог, посветен на Алпорт синдромот.АЛПОРТОВ СИНДРОМ/ALPORT SYNDROME MKБ-10 Q87.81ПРЕВАЛЕНЦА – /ИНЦИДЕНЦА – инциденцата на овој синдром е приближно 1/5 000 до 1/10 000 новороденчиња.ВОВЕДАлпортовиот синдром е сериозна, ретка,...

Продолжи со читање

На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Post Views: 57 Актерот Кирил Поп Христов – Кили почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдија за sdk.mk блиски пријатели на семејството.Актерот  се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година и пол ја поминал во Еквадор. Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за...

Продолжи со читање