Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре подигнување на селектиран отпад во Охрид

Views: 61 Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните дека утре, четврток (5 ноември), согласно календарот за 2026 година, ќе врши подигнување на селектиран отпад од кантите за пластика, хартија и картон во шест охридски улици.Акцијата ќе ги опфати домаќинствата на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.Од претпријатието потсетуваат дека пластиката треба да се одлага во жолтите канти, додека хартијата и картонот во сините садови, апелирајќи до граѓаните да го почитуваат распоредот и правилата за селекција на отпадот.За...

Продолжи со читање

Новиот камион за собирање на селектиран отпад наскоро низ домаќинствата и хотелите од Хорека проектот во Охрид

Views: 69 Камионите за собирање на селектиран отпад во Охрид, Битола, Новаци, Прилеп, Кичево, Пласница, Ресен и Крушево добиваат нов изглед со мотото на кампањата „Чисто е убаво! – Селектирај“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот и да поттикне поголемо учество на граѓаните во создавањето почиста и поздрава животна средина.Со брендирањето на возилата, основната порака на кампањата станува дел од секојдневието во општините, видливи на улиците и во населбите каде што се собира отпадот. На овој начин, темата за селекција на отпадот се...

Продолжи со читање

13 намирници кои можат да ви помогнат да изгледате помладо

Views: 124 Иако стареењето е природен процес кој не може да се запре, здравите животни навики и правилната исхрана можат значително да придонесат за подобар изглед, поздрава кожа и зачувување на виталноста.Одредени намирници се богати со витамини, минерали, антиоксиданси и здрави масти, кои му помагаат на организмот да се справи со воспалителните процеси и оксидативниот стрес. Еве кои 13 намирници вреди почесто да ги вклучите во секојдневната исхрана.1. ЛимонЛимонот е богат со витамин Ц, кој има важна улога во создавањето колаген – протеин неопходен за еластичноста и здравјето...

Продолжи со читање

Народен театар Охрид

Аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“, се бара „детето под среќна ѕвезда“

Views: 118 Народниот театар – Охрид распишува аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“, во продукција на Народниот театар – Охрид, по текст и режија на Ирена Стеријовска.Аудицијата е наменета за деца на возраст од 7 до 12 години, кои имаат желба да бидат дел од театарска претстава и да се испробаат на сцената.Ќе се одржи на 7 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 11 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.Заинтересираните кандидати можат да се пријават на електронската адреса: tinat.petreska@gmail.com .Избраното дете ќе има...

Продолжи со читање

Свети Аверкиј Рамноапостолен

Views: 51 Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабошци, а свети Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабошци и идолопоклоници, па усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно значајно идолско празнување, Аверкиј се разгоре со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабошци сакаа да го убијат, припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со...

Продолжи со читање

пристаниште Охрид фото Симјаноски

Денс променливо облачно со повремени сончеви периоди, од утре услови за утринска магла

Views: 44 Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Минималните температури денес во Охрид од 5, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Општина Охрид дел од меѓународниот проект „Germ od Life“ (Семе на животот)

Views: 84 Општина Охрид е дел од меѓународниот проект Germ of Life, кофинансиран од програмата Interreg Euro-MED, чија цел е развој и примена на дигитални алатки и стратегии за предвидување и управување со ризиците од суша, како и зајакнување на отпорноста на екосистемите на климатските промени.Проектот обединува 14 партнери од седум европски земји: Грција, Италија, Португалија, Шпанија, Франција, Кипар и Македонија. Вкупниот буџет изнесува 3.797.350 евра.Преку примена на вештачка интелигенција, метеоролошки податоци и системи за рано предупредување, проектот овозможува...

Продолжи со читање

Грижата за себе не е луксуз, туку потреба – форум „Жена со моќ” во Охрид

Views: 75 Здравјето и благосостојбата на жената не подразбираат само отсуство на болест, туку и секојдневна грижа за сопствениот организам, психофизичката состојба, изгледот и личниот развој. Токму ова беше главната порака на денешниот форум  „Жена со моќ“, на кој преку стручни предавања и практични совети се отворија повеќе аспекти на женското здравје и квалитетот на живот.Една од основните теми беше здравиот животен стил, со акцент на правилната исхрана, физичката активност и хидратацијата. Особено беше нагласено значењето на балансираниот внес на макронутриенти и микронутриенти,...

Продолжи со читање