Skip to main content

Автор: инфодеск

Светата маченичка Агатија

Post Views: 100 Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 73 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија.Денес во Охрид температурите од 0 до 6 степени Целзиусови.Утре утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер....

Продолжи со читање

Анима Мунди бара напуштањето на кучиња кои имале сопственици да стане кривично дело

Post Views: 107 Анима Мунди бара напуштањето на кучиња кои имале сопственици да стане кривично дело. Тие во нивната објава на Фејсбук велат дека 5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик, и дека при едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик и дека сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот.-Овој пример не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку претставува јасен доказ „во мало“, често видлив во пракса. Неодговорното сопствеништво, заедно со појави...

Продолжи со читање

Дневен центар за стари лица со активно стареење годинава треба да добие и Охрид

Post Views: 113 Општина Охрид работи на отворање на Центар за стари лица со активно стареење. Оваа социјална услуга која е наменета за старите лица над 65 годишна возраст ќе значи поддршка за активен и здрав живот, подобрување на социјалната интеграција и квалитетот на животот на старите лица.–Дневен центар за стари лица за активно стареење е проект за подобрување на социјалните услуги со склучен договор од 10.06.2025 година помеѓу Министерство за социјална политика, демографија и млади, Општина Охрид и Здружение за воспитно, образовна, психо социјална поддршка ВОПС...

Продолжи со читање

Ладе Крстаноски од Охрид е единствениот маж негувател на стари лица

Post Views: 146 19 години Ладе Крстаноски  работи како негувател во Охрид,  и од тогаш до денес  е единствениот маж, што ја извршува оваа хумана професија. Тој  секојдневно влегува во домовите на најранливите. Неговата работа е  грижа за стари лица, им пазари, им готви, им помага во личната хигиена, ги анимира и им асистира во сите активности што не можат сами да ги извршуваат.„Не е тешко. Се интересирам со нив, анимација, со некој играме карти, на некој му помагаме. Му правиме храна, занимација, да му прочиташ нешто, да му платиш сметки, тоа е работата”, вели Ладе...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид со повик за јубилејни признанија за крводарителите по повод 17 Март

Post Views: 111 Од Црвен крст Охрид информираат дека по повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија организацијата традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати, и ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2025 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот.Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување...

Продолжи со читање

Од Скопје со WizzAir ќе се лета и до Алгеро и Палермо

Post Views: 105 Министерот за транспорт и вице премиер Александар Николоски утрово соопшти уште една убава вест за сите љубители на патувањата, но и за оние што сакаат да ја посетат Македонија – се отвараат две нови авиолинии од Скопскиот аеродром за Италија. Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија, а од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија.  -Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Хронична грануломатозна болест (ХГБ)

Post Views: 80 ХРОНИЧНА ГРАНУЛОМАТОЗНА БОЛЕСТ (ХГБ)/CHRONIC GRANULOMATOUS DISEASE (CGD)/MORBUS GRANULOMATOUS CHRONICUSMKБ-10 D71ПРЕВАЛЕНЦАОва нарушување има проценета преваленца од околу 1/100 000 до 1/217 000 живородени деца, и почесто се појавува кај мажите поради врската со Х-хромозомот.ВОВЕДХроничната грануломатозна болест (ХГБ) е ретко, наследно, имунолошко нарушување кое се карактеризира со неспособноста на белите крвни зрнца (фагоцити) да уништат одредени бактерии и габи. Како резултат на тоа, телото е подложно на повторувачки и тешки инфекции и...

Продолжи со читање

Градежниот факултет – Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Post Views: 103 Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје го прифати барањето поднесено од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем.-Согласно доставениот одговор, Деканот формира стручен тим составен од тројца професори, кои ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица, соопштија од општина Струга.По извршениот увид, ќе биде...

Продолжи со читање

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

Post Views: 94 Податоците на Еуростат за 2025 година покажуваат дека средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години.Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а...

Продолжи со читање

ССМ денес ја блокира Владата

Post Views: 62 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денес во 11 најави масовен протест кој ќе започне со блокада пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака дека работниците повеќе нема да чекаат и дека доколку не се исполнат нивните барања, следен чекор е генерален штрајк.-Последната од блокадите пред Владата е токму поради тоа што Владата заедно со газдите, не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемувањето на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците на...

Продолжи со читање

Преподобен Исидор Пелусиот

Post Views: 88 Родум Египќанец, син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги изучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, свети Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот, одошто на красноречиво...

Продолжи со читање