Skip to main content

Автор: инфодеск

Јавен конкурс за лого и слоган за Струга како туристичка дестинација

Views: 138 Општина Струга објави јавен конкурс за изработка на лого и слоган со кои ќе се промовира Струга како туристичка дестинација, повикувајќи ги сите креативни и талентирани лица со живеалиште на територијата на општината да дадат свој придонес во создавањето на новиот туристички идентитет на градот.Вкупниот награден фонд изнесува 100.000 денари, а заинтересираните учесници можат да ги достават своите предлози најдоцна до 4 ноември 2026 година, до полноќ.Предлозите треба да содржат лого и слоган на англиски јазик, како и на албански или македонски јазик. Покрај графичкото...

Продолжи со читање

Министерот Серафимовски, денеска ќе го посети Хидробиолошкиот завод во Охрид

Views: 105 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска ќе го посети Хидробиолошкиот завод во Охрид.Серафимовски, како што е најавено, ќе изврши обиколка на установата и ќе учествува во порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка.

Продолжи со читање

Светите свештеномаченици Дионисиј Ареопагит, епископ Атински, Рустик презвитер и Елефтериј ѓакон

Views: 116 Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно, викендов сончево и стабилно

Views: 101 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Температурите во Охрид денес од минимални 4 до максимални 14 степени Целзиусови.Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Продолжи со читање

Учениците од Дебрца за првпат добија училишни униформи

Views: 169 Учениците од општина Дебрца за првпат ќе носат училишни униформи. Униформите веќе пристигнале, а секој ученик ќе добие комплет составен од шест парчиња облека, со цел да се поттикне еднаквоста меѓу учениците и да се намалат трошоците за родителите.Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, кој посочи дека со ова се реализира едно од важните ветувања насочени кон најмладите.Секој ученик ќе добие комплет што содржи две маици со кратки ракави, две блузи со долги ракави и два дуксери. Според градоначалникот Сиљаноски, целта на оваа мерка е...

Продолжи со читање

Вевчани инвестира во зелена енергија, фотоволтаици и топлотни пумпи за пониски трошоци

Views: 120 Вевчани, најмалата општина во земјава и прва зелена општина, засилено работи на унапредување на енергетската ефикасност и користењето обновливи извори на енергија. Училиштето, спортската сала, детската градинка, општинската зграда, поштата и мултикултурниот центар се меѓу јавните објекти во Вевчани на кои се применети мерки за енергетска ефикасност.Според Општината, објектите имаат енергетски ефикасни фасади и фотоволтаични системи, со кои се произведува електрична енергија за сопствените потреби. Дел од активностите се реализирани со поддршка од Министерството за локална...

Продолжи со читање

Полициско возило

Пронајдени две пушки и 158 куршуми при претрес во Годивје

Views: 146 На 14 октомври 2026 година, полициски службеници од СВР Охрид, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 64-годишен скопјанец со престој во селото Годивје, општина Дебрца.При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми, кои според полицијата, лицето нелегално ги поседувало.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Свр охрид

Физички нападнати ученици од Скопје во центарот на Охрид

Views: 164 На 15 октомври, во 01 часот по полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје.Според пријавата, учениците се движеле во група заедно со своите професори кога биле нападнати.Од СВР Охрид информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање