Автор: инфодеск
Post Views: 165 ЈП ВОДОВОД Охрид известува дека продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.-Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот во с.Орман (бунар 2). Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 37 kw, информираат од претпријатието.
Денес крводарителска акција во ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”
Post Views: 141 Денес во период од 9:00 до 12:00 часот Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”- Охрид која ќе се одржи во просториите на училиштето со цел обезбедување на крвните единици кои се потрeбни во овој период .-Ги повикуваме сите ученици и професори да ја покажат својата хуманост и да ја даруваат својата скапоцена течност, велат од Црвен крст Охрид.
Во петок премиера на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“
Post Views: 364 Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ја најавуваат премиерата на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи за петок, 25-ти април 2025 година.Улогата на Mollie Ralston ја игра Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren е Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум Трендафиловски, Miss Casewell – Евгенија Ставрева, Mr. Paravicini – Димитар Велкоски и Sergeant Trotter – Елени Наумова.– „Стапица за глувци“ од Агата Кристи е крими-драма сместена во мал осамен пансион близу Лондон, каде...
Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив
Post Views: 140 Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од...
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи
Post Views: 150 Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Денес температурите во Охрид во...
Концерт на „Баклава“ и изложба за македонскиот рубин во Загреб
Post Views: 239 Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб утре, среда, 23-ти април загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ и ќе биде одржан етно концерт на групата „Баклава“.Етно концертот на групата „Баклава“ која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, ќе понуди богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици. Се работи за песни кои авторката Елена Христова ги...
Шест лица повредени во сообраќајка кај „Пресека“
Post Views: 181 Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од Куманово.-Во несреќата, возачот на возило „киа“ и 19 годишната сопатничката од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците 36 годишна и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни...
ССМ: Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март
Post Views: 286 Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани.Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 денари.Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691,00 денари, споредена со...
Објавен тестаментот на папата Франциско
Post Views: 259 Ватикан го објави тестаментот на папата Франциско.„Во името на Пресвета Троица. Амин.Како што чувствувам дека се приближува самракот на мојот земен живот и со цврста надеж во Вечниот живот, сакам да ги изразам моите последни желби во врска со моето погребно место.Својот живот и свештеничка и епископска служба отсекогаш и ги доверував на Мајката на нашиот Господ, Пресвета Марија. Затоа, ве молам моите смртни останки да почиваат, во исчекување на денот на воскресението, во Папската базилика Света Марија Мајор.Посакувам моето последно земно патување...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право
Post Views: 212 Од установата информираат дека утре во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела а на бројни донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници.Годинава, македонската порака ја напиша проф. д-р Славица Велева а ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како...
Април е месец за подигање на јавната свест за Фабриевата болест
Post Views: 267 Фабри болест, МКБ E75.2 Fabry diseaseБолеста на Фабри-Андерсон е ретко метаболно Х-врзано наследно заболување, кое се карактеризира со наталожување на неразложените масти (глобо-триаозилцерамиди Гб-3) во клетките насекаде низ човековото тело, поради недостаток или отсуство на ензимот алфа-галактозидаза.За првпат болеста е опишана во 1898 година, од страна на англискиот хирург Јоханес Фабри и германскиот дерматовенеролог Вилијам Андресон. Во Македонија за првпат болеста е дијагностицирана во 2023 година од страна на Нефролог.Се проценува дека...
Денеска се празнува Светол Вторник
Post Views: 150 Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не...