Автор: инфодеск
Post Views: 153 Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.Од утре на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, велат од УХМР.
Почина новинарот Илче Стојаноски
Post Views: 192 Денеска во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид.Стојаноски е роден на 18 јуни 1949 година во Прилеп, а по три години од неговото раѓање неговите родители се преселуваат во родниот град на неговата мајка – Охрид.Основно и средно образование завршува во Охрид по што школувањето го продолжил во Скопје на правниот факултет на универзитетот „ Свети Кирил и Методиј „.Во Охрид се враќа во 1976 година и во потрага по работа по својата професија,...
Изгорени седум хектари трска во месноста „Трно“
Post Views: 165 Од СВР Охрид информираат дека вчера во 17:25 часот било пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид опожарена е површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Почина папата Францискo
Post Views: 273 Папата Франциско почина утрово на 88 годишна возраст. Папата извесно време помина во болница и беше во тешка здравствена ситуација, но беше објавено дека се опоравува и неколку пати се појавуваше во јавноста.Папата Франциско почина во понеделник на 88-годишна возраст, еден ден по долгоочекуваното појавување на плоштадот Свети Петар за Велигден, соопшти Ватикан, пренесува АФП.„Утринава во 7:35 (05:35 по Гринич) бискупот од Рим Френсис се врати во домот на отецот“, рече кардиналот Кевин Фарел во изјавата објавена од Ватикан на Телеграм.Според...
Утре започнуваат празнувањата за јубилејот „120 години од херојската погибија на Христо Узунов“
Post Views: 232 Чествувањата започнуваат утре со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама со настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и драмска изведба на сцени од текстот „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.ООУ „Христо Узунов“ својот...
Светол понеделник, втор ден Велигден
Post Views: 206 Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.И на овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден.Христовото Воскресение, Велигден...
Сончево и топло со температури до 20 степени Целзиусови
Post Views: 163 Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес во интервал од 9...
Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод големиот христијански празник Велигден
Post Views: 97 По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите верници од православна и католичка вероисповед.– Воскресението Христово – Велигден е симбол на животот и новиот почеток. Во духот на овој величествен празник да си посакаме мир во душата, љубов во срцата и благослов во домовите. Нека светлината од велигденската свеќа ги осветли сите патишта по кои чекориме и нека биде наш патоказ кон милосрдие, простување и човечност.Со секое „Христос воскресе“ нека воскреснува надежта, да се...
Христос Воскресна, Честит Велигден
Post Views: 333 Верниците кои времето го сметаат според стариот јулијански календар на денешен ден го слават Велигден, најголемиот христијански празник. Тоа го претставува Христовото воскресение од мртвите, како и победата на верата и победата на животот над смртта. Откако беше распнат на крстот на Голгота, рид надвор од Ерусалим, Христос воскресна на третиот ден.Според Новиот Завет, а особено според Евангелијата, Христос воскреснал од мртвите на тој ден, откако ја поминал саботата во гробот во градината на Јосиф. Во неделата наутро, ангел Божји слета на гробот и Исус...
Сончев и топол Велигден
Post Views: 245 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Температурите во Охрид денес во интервал од 5 до 19 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на променливо облачно, релативно топло и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.foto: Ѓоко Симјаноски
Три лица загинаа, осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар
Post Views: 288 Три лица загинаа, а осум се повредени во тешката сообраќајната несреќа што се случи синоќа на патниот правец Кичево-Гостивар, кој од 21:00 часот беше затворен за сообраќај.Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесени во болницата...
Велика Сабота – свештен трепет пред Христовото воскресение
Post Views: 222 Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.Вечерва се...