Автор: инфодеск
Post Views: 195 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 18 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на топло време. Викендов ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Денеска бесплатен влез во музеите под надлежност на НУ Завод и Музеј-Охрид
Post Views: 215 Денес, по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид известува дека на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
Вторник започнуваат празнувањата за јубилејот „120 години од херојската погибија на Христо Узунов“
Post Views: 196 Чествувањата ќе започнат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама со настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и драмска изведба на сцени од текстот „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.ООУ „Христо...
Патот преку Националниот парк Галичица е повторно прооден за сообраќај
Post Views: 279 Јавната установа Национален парк Галичица ги известува граѓаните и посетителите дека патот преку Националниот парк Галичица, кој ги поврзува Охридската со Преспанската страна, е прооден за сообраќај.Од Националниот парк апелираат до возачите и посетителите да се движат со зголемено внимание поради специфичниот планински терен, да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзина и да се однесуваат одговорно кон природата.
Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството
Post Views: 305 Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги...
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Post Views: 261 Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.Викендов времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.
Започна реконструкцијата на кабинетите за практична настава во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Post Views: 200 Министерството за образование и наука информира дека заедно со локалната самоуправа започна реконструкција на кабинетите и работилниците за практична настава и обука во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Нивна цел е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.– Во моментов МОН има 30тина активни инфраструктурни инвестиции во повеќе општини во државата, во вредност од околу 32 милиони евра. Се градат 7 нови училишни објекти и 4 спортски...
Охриѓани во голем број го посетија хуманитарниот Велигденски базар
Post Views: 259 Охриѓани и гостите во голем број денеска го посетија Велигденскиот базар, кој традиционално по деветти пат го организира Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар.На штандовите со велигденски украси и други рачни изработки и годинава се претставија ученици од охридските училишта.Од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ на посетителите им понудија и вкусни закуски и пијалоци.-Имаме безалкохолни коктели, свежо овошје, козињак..-Ние подготвивме велигденски колачи, козињак, ванилици, имаме и овошни салати. Ние често учествуваме на вакви...
Велосипедистите го поддржуваат доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди
Post Views: 232 Доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди за млади лица до 29 години ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед. Во Охрид години наназад се вложува во вело инфраструктурата. Градот има идеални услови за развој на велосипедизмот, но потребно е изградба на нови вело патеки.Статистиката покажува дека велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот, затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста, на возачите на овие еко рекреативни превозни средства.– Секако за поздравување е...
Стопанската комора на трговците за прехрамбени производи бараат продолжување на рокот за објавување на цените
Post Views: 266 Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи со барање да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.– Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива...
Денес симулациска показна вежба на Црвен Крст и СВР Охрид на паркингот пред плоштад „Чинар“
Post Views: 192 Во рамки на своите јавни овластувања за едукации и ширење на знаењата за правилно укажување на прва помош на повредени во најразлични ситуации, Црвен крст Охрид во партнерство со Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид, денес во 12 ч., на паркингот пред плоштад „Чинар“ ќе изведе симулациска показна вежба на извлекување и укажување на прва помош на повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваат патничко моторно возило и мотор.Службениците од Одделот за превенција при СВР Охрид, заедно со волонтерите на Црвен крст Охрид ќе делат...
Охриѓанецот Леонид Тодоровски е државен првак во трета година, средно образование
Post Views: 338 Од Сојузот на математилари информираат дека охриѓанецот Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга, е државен првак во трета година, средно образование.Прваци по години за средно образование, за учебната 2024/2025 година се следните ученици:Прва година – Андреј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош, СкопјеВтора година – Ивано Божиновски, ученик во ДСУ Математичко – информатичкагимназија, СкопјеТрета година – Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- СтругаЧетврта година – Алексиј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“-...