Автор: инфодеск
Post Views: 168 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ денес, Велики четврток, со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.-На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на...
Денес е Велики четврток, потсетник за страдањето на Исус Христос
Post Views: 175 Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за маките на Христа, а радост поради нашето спасение и благодарност кон Бога.Таа неопислива промена на чувствата ги...
Денес променливо облачно со сончеви периоди, во текот на ноќта локални врнежи од дожд
Post Views: 155 Времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа...
Велигденски концерт на ОМУ „Методи Патче“
Post Views: 172 По повод претстојните Велигденски празници, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт.Публиката имаше можност да ужива во низа музички композиции на младите музичари, под менторство на нивните наставници. Во името на Општина Охрид на настанот присуствуваа Ана Крстеска, заменик градоначалник и советничките во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Стојаносвска и Александра Настоска Николоска.
Актерката Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога на фестивалот “5ре”
Post Views: 206 Наградата за најдобра споредна женска улога на четвртото издание на театарскиот фестивал “5РЕ” ја доби актерката Марија Новак за претставата “СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА” од Народен театар Охрид, во режија на Коле Ангеловски.–Со голема радост ја објавуваме добитничката на НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА на четвртото издание на Театарскиот фестивал “5РЕ” – актерката МАРИЈА НОВАК! Во урнебесната комедија „СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА“ на Народен Театар Охрид, Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и...
Поставени велигденски украси на градскиот плоштад
Post Views: 198 Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, денеска на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ беа поставени велигденски реквизити.Во ова привлечно катче за најмладите поставени се зајчиња, велигденско јајце, столчиња како и други шарени украси со велигденски мотиви и пораки.Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта на оваа активност е да се создаде празнична атмосфера во центарот на Охрид која е...
Симулациска показна вежба на Црвен Крст и СВР Охрид утре на паркингот пред плоштад „Чинар“
Post Views: 184 Во рамки на своите јавни овластувања за едукации и ширење на знаењата за правилно укажување на прва помош на повредени во најразлични ситуации, Црвен крст Охрид во партнерство со Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре, 17.04.2025 г. (четврток) во 12 ч., на паркингот пред плоштад „Чинар“ ќе изведе симулациска показна вежба на извлекување и укажување на прва помош на повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваат патничко моторно возило и мотор.Службениците од Одделот за превенција при СВР Охрид, заедно со волонтерите на Црвен...
Нови современи апарати во охридската општа болница
Post Views: 208 Охридската болница се поднови со нови апарати. Вредни донации на одделот за патологија и очното одделение. Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна томографија што е основна дијагностичка алатка во модерната офтолмологија . Со овој апарат пациентите наместо по приватни ординации дијагностички услуги ке добиваат во општата болница.Втората донација е опремување на одделението за патологија, со што ќе се скрати времето на чекање резултати што е од клучно значење за пациентите.– Станува збор за четири апарати, автоматизиран ткивен процесор...
Рампата кај Горна Порта ќе биде спуштена за време на Велигденските празници, освен за жители на Стар град
Post Views: 202 Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, ЈП Билјанини извори воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот (Горна Порта) со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.Период: од 18 (петок) април 07 часот до 22 (вторник) април 07 часот.-Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве...
Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успешно реализирана втората обука за користење на противпожарна опрема
Post Views: 254 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид денес се одржа втората обука за користење на противпожарна опрема и правилен начин на евакуација.Од таму информираат дека учениците од IV година имаа можност одблиску да научат како се спречува почетен пожар и како правилно да реагираат во итни ситуации.-Голема благодарност до Противпожарната служба – Охрид за нивната посветеност и поддршка во едукацијата на младите, стои во нивното соопштение.
Утре предвелигденска „Импровокација“
Post Views: 260 Предвелигденска спешл „Импровокација“ е закажана за утре, Велики Четврток, 17 април, со почеток во 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Намален притисок на водата во населбата Видобишта, дел од с.Лескоец и високата зона на градот
Post Views: 174 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф450мм) на улицата „Јордан Мијалков“ , денес од 08:30 часот со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Видобишта , дел од с.Лескоец и високата зона на градот.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.