Автор: инфодеск
Views: 348 Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за маките на Христа, а радост поради нашето спасение и благодарност кон Бога.Таа неопислива промена на чувствата ги возбудува срцата на...
УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот
Views: 251 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 15 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во...
Љутков: Универзална почнува да се гради!
Views: 344 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, објави дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија.-Како министер за култура и туризам, информирам дека постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за старт на градежните работи, вели министерот во...
Општина Охрид е најуспешна во државата во однос на примена на системот за интегритет
Views: 334 Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на Извештајот од спроведено следење на примената на системот на интегритет за 2025 година кој го објави Државната комисија за спречување на корупција.-Воспоставувањето на системот за интегритет ги опфаќа обврските што претставуваат основа за функционална имплементација: анализа на институционалните потреби, мапирање и процена на ризици од корупција, донесување интерни правила и уредување на клучните области (судир на интереси, подароци, укажување, транспарентност, итн.), се посочува во...
Заврши повикот за субвенции за клима уред поради целосно исцрпување на средствата
Views: 289 Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год .Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување инвертер клими изнесува 1.500.000,оо денари од кои 750.000,оо денари беа предвидени за домаќинства во социјален ризик (домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки...
Библиотеката „Григор Прличев“ донираше книги во охридскиот Кардиолошки центар
Views: 337 По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, директорката Христина Трпеска заедно со библиотекарите Бети Лазеска-Симоноска и Милчо Јованоски од НУ Библиотека „Григор Прличев“ го посетија ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.При посетата, на директорката д-р Билјана Теговска и дел од нејзиниот тим им беа донирани 60 книги, кои претходно биле донирани во библиотеката, со цел да се поттикне отворање на интерна библиотека во болницата. Станува збор за романи и драми од охридски автори, како и од познати македонски писатели....
Распоред на богослужби за претстојните Велигденски празници
Views: 441 Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА го објави распоредот на богослужбите за претстојните Велигденски празници.По часовите и преждеосвештената литургија во храмовите „Св. Георгиј“ и „Св. Богородица“ – Каменско што се одржа утринава, од 17:00 часот ќе има Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид.Утре, на Велики четврток, од 07:00 часот во сите парохиски цркви ќе има Утрена со Василиева литургија со општ маслосвет. Архиерејска Всилиева литургија ќе има во храмот „Св. Богородица Перивлапта“ од 08:45 часот. Вечерта од 18:30 часот Бдение со читање на 12-те...
Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Ромите
Views: 318 По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница.–Денешниот празник е потсетник за вредноста на различностите и богатството што го носи секоја заедница во нашиот мултиетнички мозаик. Ромите се нераскинлив дел од современото македонско општество, со својата препознатлива традиција, култура и придонес во сите сфери на општествениот живот.Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме заедница во која секој граѓанин има еднакви можности за напредок и...









