Автор: инфодеск
Post Views: 165 Како дел од социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност, од 14-ти до 20-ти април 2025 година, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.– Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, срества за хигиена, облека, обувки, кои можат да се достават во нашите простории, на...
Два последователни настапи на охридските стрелци
Post Views: 243 Натпреварите се одржаа на стрелиштето во Битолската касарна каде учество зедоа повеќе од 70-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол во јуниорска и сениорска категорија.Старо-нов Државен првак за 2025 год, во категорија на јуниори во дисциплината воздушен пиштол е Климент Мостро од ЖСК„Лихнидос” со резултат од 535 кругови. Во истата категорија Иван Милевски од СК ,,Охрид“ се пласира на третата позиција со резултат од 523 круга, додека неговиот клупски другар Никола Тодороски заврши како четвртопласиран. Во истата дисциплина кај сениорите Даниел...
Велика Среда
Post Views: 252 На Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16).Последното претсмртно помазание на ГосподаХристос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6).Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму...
Денес променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 209 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 10 до 21...
Дупки, смрдеа и истечена канализација во строгиот дел на Охрид, дали вака ќе пречекуваме гости за Велигден?
Post Views: 448 Наши сограѓани кои живеат во строгиот центар на градот, веднаш позади НУ Центар за култура “Григор Прличев”, а до клубот Омниа, ни испратија видео каде се гледа дека има пукната цефка од која веќе подолг период истекува канализација, а надлежните служби немаат слух за истиот.-Ова е во центар позади киното, до клубот Омниа. Канализацијата веќе еден месец течит и мирисат, никој не идат и не креват на телефон од нискоградба, реагираат жителите на овој дел од градот.
СВР Билтен: Охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга, одземена марихуана на „Железничка“
Post Views: 235 На 14.04.2025 во 09 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 14.04.2025 во 17.50 часот, при контрола извршена на отворен простор околу булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници на работни средби во Општина Дебрца за подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари
Post Views: 193 Со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера (14.04.2025), одржаа повеќе работни средби со советодавните групи граѓани од селата Ботун, Лешани, Злести, Велмеј, Белчишта, Оздолени, Средорече и Издеглавје, општина Дебрца.-Притоа, низ интерактивна комуникација, со граѓаните се дискутираше за општите мерки за превенција и заштита од пожар во шумите и на вегетацијата на отворен простор, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од...
Приведени 13 албански државјани кои изведувале градежни работи во Охрид без дозвола за работа
Post Views: 343 На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад”, приведоа 13 албански државјани.–Тие претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за...
25 граѓански организации бараат од Владата да се поништи решението за градба на хотелот кај Горица
Post Views: 331Вкупно 25 граѓански организации поднесоа претставка до премиерот и членовите на Владата која се однесува на одобрението за градење за хотелскиот комплекс во Горица за кое, како што информираат, сите релевантни закони налагаат обврска да се прогласи за ништовно. Претставката се осврнува и на инспекцискиот надзор на Државниот инспекторт за животна средина (ДИЖС), кој, според нив, изобилува со законски прекршувања и можни кривични дела, како и на улогата и законските прекршувања на Управата за животна средина. Организациите доставија претставка со слична...
Одиграно шестото коло од Бизнис лигата Охрид 2025 во шах
Post Views: 252 Вчера се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, а во организација на ШК Ласкер Охрид.На Бизнис лигата Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид.Резултатите во прилог:Бизнис лигата Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
Следува продолжен викенд – петок е неработен ден за православните, понеделник за сите граѓани
Post Views: 369 Согласно со Законот за празниците, 18 април, Велики Петок, е неработен ден за православните верници.За сите граѓани неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар.
Вечерва Велигденски концерт на ООМУ „Методи Патче“
Post Views: 227 Вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт. Концертот ќе се одржи во концертната сала на ООМУ „Методи Патче“.Инаку, учениците од музичкото училиште можат да се пофалат со нивните многубројни успеси. Последно, на јубилејното десетто издание на меѓународниот натпревар ,,Полихимнија“, Ана Јосифоска освои прва награда (99 поени), а Виктор Србиноски освои специјална прва награда (100 поени) и настапи на завршниот концерт на лауреатите. Ана и Виктор се ученици во класата на наставничката Елица Рашкова. Од школото изразуваат и...