Skip to main content

Автор: инфодеск

Велики вторник, спомен на евангелската приказна за десетте девојки

Post Views: 221 На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала...

Продолжи со читање

Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи

Post Views: 248 Претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес температурите од 10 до 16 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информираат до УХМР.

Продолжи со читање

Решение за поддршка на лица згрижени во згрижувачко семејство

Post Views: 170 Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр 5/02), Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Правилникот за начинот, постапката и критериумите за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид број 09-599/1 од 21.01.2025 година, јавниот повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид број 09-600/1 од 21.01.2025 година, како и записникот со...

Продолжи со читање

Нов повик за субвенциониран студентски оброк

Post Views: 240 Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.Согласно законските измени, на следниот линк е објавен...

Продолжи со читање

Во четврток „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“

Post Views: 191 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.-На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и...

Продолжи со читање

Волинчанец физички нападнал фудбалер од ресенско Грнчари по фудбалски натпревар од третата фудбалска лига

Post Views: 151 На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишиле 43 годишно лице од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25 годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Екипите на „Охридски комуналец“ на терен за хортикултурно средување на зелените површини

Post Views: 193 Екипите на „Охридски комуналец“ на терен на многуте локации за хортикултурно средување на зелените површини. Велат дека се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.-Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена...

Продолжи со читање

Одржана вело авантура на Славеј Планина

Post Views: 275 Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.Градоначалникот Зоран Ногачески ги поздрави учесниците на планинска велосипедска тура, и истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам, а изрази...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Марко Пејчиновски пред нов предизвик: “IRONMAN TRIATHLON”

Post Views: 363 Охриѓанецот Марко Пејчиновски го најави неговиот најнов предизвик закажан за 28-ми август 2025 година. Марко ќе го изведе предивикот Ironman Triathlon кој се состои од вкупно 106,8 километри: 42,2 км ќе ги помине во трчање, 42,2 км во возење со велосипед и 22,4 км со пливање.За Марко, мотивот за овој подвиг е потрагата по желба за живот.-Борејќи се со искушенијата кои животот ни ги носи, непрепознатливо за мене, се изгубив и се оддалечив од Господ. Со тоа одвојување од Бога, како да го видов и почуствував пеколот во мене. Бев уплашен и изгубен....

Продолжи со читање

Променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер

Post Views: 183 Променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.Од денес следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.Температурите во Охрид денес од 8 до 15 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Велик Понеделник

Post Views: 157 На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива...

Продолжи со читање

СВР Охрид: Лице од Елшани се заканувало на социјалните мрежи поради претходни недоразбирања во спортски клуб

Post Views: 211 Ноќеска, 15 минути по полноќ, 50-годишно лице од Охрид, родител на малолетно дете, пријавило во СВР Охрид дека лице од селото Елшани преку социјални мрежи упатил закани кон неговото дете и кон друго лице, а поради претходни недоразбирања во спортски клуб.– Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање