Skip to main content

Автор: инфодеск

Подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 09.04.2026 год.(четврток)

Views: 276 Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 09.04.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекцијаСе молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и...

Продолжи со читање

Балканските тури носат гости во Охрид од далечниот Исток

Views: 347 Уште од раните утрински часови, градското пристаниште во Охрид раздвижено и полно со туристи. Низ кејот и старото градско јадро се среќаваат групи посетители од европските земји, но и од далечна Азија.Туристите од Малезија, Сингапур и Кина, кои се дел од организирани тури низ Балканот, велат иако се задржуваат кратко, Охрид оставил силен впечаток.„Во Охрид сме само еден ден, на пат сме кон Тирана, Албанија. Ова е балканска тура – вчера бевме во Скопје, го посетивме стариот и новиот дел од градот и беше убаво искуство, вели турист од Малезија.-Македонија многу ни се...

Продолжи со читање

Света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение – Благоец

Views: 229 Денес по повод празникот Светото Благовештение – Благовец со почеток во 12 часот ќе се одржи света архиерејска литургија во црквата Свето Благовештение – Благовец МПЦ Охрид, Коњско, наспроти Хотел “Метропол”.– Честити имендени на сите што ги носат имињата: Благоја, Благој, Благојче, Бале, Баже, Вангел, Благица, Блага, Вангелка, Вангелица. Честит Празник Голем Благовец на сите луѓе – здравје и спасение, благодет, благи вести, пород. Повелете да Светиме Лепчиња и Славски Погачи, за здравје на сите, а ќе се крштева и вода, велат...

Продолжи со читање

Благоец

Денеска се слави Свето Благовештение – Благоец

Views: 288 Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник, а некои го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец, прв Велигден”.Се празнува точно девет месеци пред Божик, во чест на таа блага вест што ангелот, архангел Гаврил, и ја пренесол на Света Дева Марија.Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец и сл. и се смета за тежок празник...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Views: 262 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Минималните температури денес во Охрид од 4, а максималните до 20 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека од утре, среда, и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Продолжи со читање

Исплатени субвенции во Општина Дебрца за продавници, млади возачи и брачни парови

Views: 312 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информира дека за прв пат во општина Дебрца, исплатени се субвенции за правни лица кои вршат трговија на мало (продавници), за периодот јануари, февруари и март. Истовремено, потсетува дека повикот е отворен до крајот на годината.Исто така, за прв пат се исплатени субвенции за полагање на возачка дозвола Б категорија за млади до 21 година во износ од по 20.000 денари, а исплатена е и еднократнита финансиска помош за склучување на брак, каде едниот сопружник до денот на склучување нема навршено 30 години, во износ од 30.000...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Ново поскапување на дизелот, бензините поевтинуваат

Views: 356 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, цената на 95 октанскиот бензин БС-95 се намалува за половина денар, а цената на 98 октанскиот бензин БС – 98 останува иста.Пресметките на Регулаторната комисија не се совпаднаа со тие на Владата која очекуваше бензините да поевтинат, а цената на дизелот да остане иста. Па така од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по 95 денари за литар, пресметано со попустот на Окта, наместо 92,5 денар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,5 денари наместо 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 83,5 денари за литар, исто како и...

Продолжи со читање

Прекин вода

Забрана за пиење на водата од неколку селски водоводи во охридско

Views: 381 Со решение на Државен инспектор за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта, информираат од Општина Охрид.По извршените лабараториски анализи, констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли. Се задолжуваат месните заедници од овие села да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата  што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути, посочуваат од Општина Охрид.

Продолжи со читање