Skip to main content

Автор: инфодеск

Вонредни контроли на АХВ – уништени месо, јајца, бои, мед, ракија и маслиново масло

Post Views: 260 Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на  спроведените 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. Од агенцијата информираат дека на утврдените недоследности со...

Продолжи со читање

Влегување на Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Post Views: 204Празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица е подвижен празник, секогаш се слави во неделата пред Велигден.Тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен.Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по...

Продолжи со читање

Се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

Post Views: 294 Вчера се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учествуваа 16 ученици од седум Основни училишта:  „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, Лескоец, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, Велгошти „Св. Климент Охридски“, „Дебрца“,  Белчишта и „Св. Наум Охридски“, Пештани.Натпреварувачите претходно подготвениот текст го  одговараа во текот на еден час и се потпишаа со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот кој ќе се стекне со право на учество на 24. Републички натпревар „Млади...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи традиционалниот, 51-ви по ред Општински натпревар по прва помош

Post Views: 180 Во рамки на своите активности и јавни овластувања во делот на првата помош Црвен крст Охрид на 12 април, сабота, во периодот од 9-15 часот, под мотото „ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ“, ќе го организира традиционалниот, 51-ви по ред Општински натпревар по прва помош.-Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде, во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во такви ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги...

Продолжи со читање

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници, предвесници на Велигден

Post Views: 194 Православните христијани денес го празнуваат споменот на чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, извршено од Богочовекот Исус Христос.Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци...

Продолжи со читање

Денес времето променливо облачно со повремен локален дожд

Post Views: 162 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).Минималните температури во Охрид од 4, а максималните до 16 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Соопштение за спроведување Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.1 – згради за времено сместување со апартмани и студија на КП 15/1 и други, КО Рамне, општина Охрид

Post Views: 160 Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организира ЈАВЕН УВИД на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.1 – згради за времено сместување со апартмани и студија на КП 15/1 и други, КО Рамне, општина Охрид,со тех.бр. 01/24 од март 2025, изработен од “Нју Вижен” доо Охрид.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.4 – Опфат 1

Post Views: 201 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08,83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18,89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р АЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе додели ваучери за велосипеди за млади

Post Views: 204 Општина Охрид во соработка со  „Бисер Импорт“ доделува  575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години.  Проектот го имплементира  Младински Центар  и Локален Младински Совет од Охрид.Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за  малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател.Апликациите се разгледуваат по принципот прв дојден – прв услужен, сѐ до доделување на сите 575 ваучери.Ваучерите ќе се подигнуваат  лично...

Продолжи со читање

Денес за најмладите детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“

Post Views: 261 Денес во Општинското основно училиште Свети Климент Охридски Охрид (училишна сала за претстави) ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“.-А, дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ќе влеземе во мисија да ја спасиме роденденската торта на Вселенко! Вие растете со културата, а Културата расте со Вас!, велат организаторите.Претставата започнува во 12:00ч, а организатор е Општина Охрид.Во претставата играат Изабела Јакимова, Гоце Андонов и Анастасија Ласовска како дел од...

Продолжи со читање

Oфицијално SupportKocani е здружение на граѓани

Post Views: 267 SupportKocani на платформата Х информираат дека од сега и официјално се здружение на граѓани, каде со избрани тела, јасна мисија и визија, продолжуваат посветено да градат заедница каде секој млад човек е ценет, поддржан и инспириран да создава промени.-Нашата прва цел е: помош за сите погодени од трагедијата. Но не застануваме тука. Не очекуваат проекти, партнерства и простории што ќе го охрабрат младинскиот глас, менталното здравје и начин на здрав живот, креативност, едукација и заедништво. Ова не е само здружение. Ова е позитивно движење, велат од...

Продолжи со читање

Неколку часа без вода корисниците на улицата „Кленоец“

Post Views: 181 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Кленоец“ .-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.

Продолжи со читање