Автор: инфодеск
Views: 327 Градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на белградската општина Стари Град, Радослав Марјановиќ потпишаа Меморандумот за пријателство и соработка помеѓу општина Охрид и Стари Град – историското и културното срце на Белград.–Започнуваме ново поглавје на соработка и поврзување. Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, културна соработка и промоција на заедничките вредности, проекти во образованието за нашите млади, развој на туризмот и поголема регионална поврзаност. Верувам...
Со реконструкција на двете пристаништа во Охрид до подобри услови за бродовите и едрилиците
Views: 392 Несоодветни услови, оштетени пловила, недостиг на инфраструктура – се проблемите што со години се провлекуваат на Охридското Езеро. Надлежните најавуваат реконструкција и модернизација на двете градски пристаништа.Проектот треба да донесе поголем капацитет и подобри услови за пловидба, со што се очекува да се задоволи потребата од современа марина во Охрид. „Изградба на уште еден крак, продолжување на постојното пристаниште, овозможување на сите потребни услови, како што е...
Прекин на јавниот повик за субвенционирање на граѓани од ранливи категории за набавка на клима уред
Views: 335 Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за ранливите категории граѓани (лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….) се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год, информираат од Општина Охрид.За останатите домаќинства јавниот повик се уште трае се до исцрпување на средствата.
Велики Понеделник
Views: 208 На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на...
Денес сончево и топло
Views: 371 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес во Охрид температурите од 3 до 19 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека до средината на седмицата ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина над 70 km/h. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно време со...
Утре хуманитарен концерт на градскиот плоштад за реновирање на простор во ООУ „Дебрца“
Views: 355 Утре, недела, со почеток од 14:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, ПХВ групата „FRIENDS“ организира хуманитарен концерт со цел собирање финансиски средства за реновација на простор во ООУ „Дебрца“, кој ќе биде пренаменет во подрачна канцеларија на Црвен крст Охрид.Од Црвен крст Охрид најавуваат дека на концертот ќе настапи бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид – „HUMANE-ХУМАН“, кој веќе 2 години активно делува во рамките на клубот.Инаку, настанот е поддржан од Shilla – Coffee & Bar, кои ќе имаат свој штанд со продажба на свежо цеден сок од...
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници, предвесници на Велигден
Views: 425 Православните христијани денес го празнуваат споменот на чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, извршено од Богочовекот Исус Христос.Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 464 Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h).Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.









