Автор: инфодеск
Post Views: 245 Вчера, актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Данска со убедлива победа од 47:22 против Алжир го започна Светското првенство во ракомет. Данците доминираа на теренот од самиот старт., на полувремето предноста на фаворитот веќе изнесуваше девет голови разлика (20:11), а во вториот дел беа уште поубедливи. И Австрија го победи Кувајт со 37:26.Македонските репрезентативци вчера го одработија последниот тренинг во Вараждин во пресрет на официјалниот старт на светскиот шампионат. Селекторот Кире Лазаров изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат...
И Светиот крст во Струга ќе го положи Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан
Post Views: 348 Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан, ќе ја води свечената литургија и ќе го положи Светиот крст во водите на Црн Дрим. Церемонијата ќе започне во 11 часот, веднаш по завршувањето на церемонијата во Охрид.
Фото клубот „Охрид“ организира изложба на тема „Православие Водици“
Post Views: 317 Во недела, во чест на големиот христијански празник Богојавление Водици, Фото клубот „Охрид“ организира изложба на тема „Православие Водици“.Изложбата ќе биде отворена во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 13 часот, а се реализира со поддршка од Локалната самоуправа и во соработка со општинската организација на Црвен крст.
Јавен повик за субвенционирање на комунални услуги
Post Views: 175 Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,, Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година како и Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 15415/59 од 25.12.2024 година (,,Службен гласник на...
Облачно и студено со максимални температури до 2 степени Целзиусови
Post Views: 147 Наутро студено, преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег, информираат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени Целзиусови.
Апел за помош за 16-годишната Ана Радеска
Post Views: 381 На 16-годишната Ана Радеска, ученичка во СУГС „Орце Николов“, ѝ е потребна помош од сите хумани луѓе, за да може да ја победи ретката болест Arnold-Chiari malformation. Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра.Семејството не е во можност да ги обезбеди овие средства, па апелираат до сите хумани луѓе, кои се во можност да помогнат.Сите оние кои се во можност може да донираат на телефонските броеви 143 115 (А1) и 143 479 (Телеком), или на трансакциска сметка: Стопанска банка, Александра Радеска 200001580828877...
По 20 часа конечно завршена санацијата на дефектот на водоснабдителната мрежа во Лагадин
Post Views: 168 По повеќе од 20 часа макотрпна работа во тешки временски услови, екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид целосно ја завршија санацијата на големиот дефект во населбата Лагадин и водоснабдувањето во населбите Лагадин, Елешец и с.Пештани се нормализира.
Јован Крлев избран за секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид
Post Views: 187 На конститутивната седница на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Охрид беше изгласан Јован Крлев за секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид, информираа од партискиот огранок.-Другарот Јован Крлев изминатиот период се покажа и докажа како личност која гласно и борбено ги бранеше партиските идеали и како личност која ужива углед во доменот на својата професионалност, но и почит помеѓу нашите членови и симпатизери. На СДСМ секогаш ветер во грб и се младите, нивната амбиција, елан и енергија, велат од ОО на СДСМ Охрид.Од општинската организација...
ИПА Охрид го посети охридското геријатриско одделение
Post Views: 186 На Стара нова година a во пресрет на денешниот празник Свети Василиј Велики-Василица, претставници на Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид.-Со љубов и со голема почит, посакувајќи им среќни празници и среќна 2025 година, на 23-те повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат и кои, со насмевка на лицето, не пречекаа во холот од одделението украсено со Новогодишна елка, ги замоливме да ги примат нашите пригодни подароци и вртената пита со паричка, вели претседателот...
УЈП ја објави Листата на должници
Post Views: 190 Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници која ги опфаќа долговите доспеани до 30 септември 2024 година и неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.На оваа листа вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.На Листата на должници има 1962 правни лица (помалку за 7 во однос на претходната листа) и 3915 физички лица...
Во Германија забрането за продажба познатото „Дубаи чоколадо“
Post Views: 280 Судот во Келн во понеделникот пресуди дека само производите кои всушност се произведуваат во самиот Дубаи можат да се продаваат под таа ознака. Во спротивно, постои ризик потрошувачите да бидат доведени во заблуда, наведе судот.Случајот се однесува на чоколадите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“ на германскиот синџир на намирници Aldi Süd, кои станаа хит откако беа лансирани во продавниците во декември, а инаку се произведуваат во Турција.Чоколадите наречени „Дубаи чоколадо“ се полнат со крем од ф’стаци и крцкав кадаиф. Овој тренд во целиот свет...
Нуркачите од „Амфора“ го запалија традиционалниот василичарски оган во водите на Охридското Езеро
Post Views: 301 Традиционално и на уникатен начин нуркачите од „Амфора“ кај Музејот на вода ја прославија Православна Нова година со оган на кој печеа колбаси под вода.