Автор: инфодеск
Post Views: 195 Светиот крст во водите на Охридското Езеро годинава ќе го положи Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, стои во објавата од Здружението Богојавление – Водици.– За радост на градот Охрид и сите охриѓани, оваа година за првпат водосветот и положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде извршено од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, стои во објавата.Во меѓувреме во сите парохиски цркви во Охрид веќе започна пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната...
Се работи на поправка на дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани
Post Views: 164 Се известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и с.Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во с.Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm.Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид продолжуваат и денес со санацијата до целосно отстранување на дефектот.
Денес се празнува Свети Василиј Велики
Post Views: 241 На 1 јануари според стариот, односно 14 јануари според новиот календар, христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил на овој ден во 379 година.Именден на овој ден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове,...
И денес студено со провејување на снег
Post Views: 190 Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат од -3 до 0 степени.До четврток преку денот претежно во планините ќе провејува слаб снег особено во јужните делови и ќе дува слаб до повремено умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се...
Се прочистуваат патните правци во Општина Дебрца
Post Views: 167 Екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца и дополнително ангажираната механизација уште во текот на вчерашниот ден се на терен, од раните утрински часови за чистење на снегот на територијата на Општина Дебрца, информираат од Општината.Првенствено се чистат главните патни правци до населените места, а поради обилните врнежи и наноси некои патни правци, особено оние кон планинските села се чистат по неколку пати.Од Општина Дебрца апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедност во зимски услови.
Од вечерва повисоки цени на горивата
Post Views: 217 Нови, повисоки цени на горивата бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ, а цената на мазутот се намалува.Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари.ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава по 81,50 денари за...
Во Вевчани продолжи вековната традиција
Post Views: 244 Одекнаа зурлите и тапаните се развиори Василичарското оро, продолжи вековната традиција, под падините на Јабланица карневалска магија. Вевчани наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира. Покрај традиционалните, зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите, низ вевчанските улици продефилираа стотици маски. Во фокусот на карневалот годинава беа скандалот со државна лотарија, бегството на Груби, променатата на личните документи, по вевчанските...
СВР Охрид предупредува на измами преку лажни профили на социјални мрежи
Post Views: 215 СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик” на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри” или да инвестираат во виртуелни валути.-Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна...
Традиционален Василичарски појадок во Општина Охрид
Post Views: 238 На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески. Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.Во духот на традицијата новите и минатогодишните кумови градоначалникот Кирил Пецаков ги даруваше со сребрени парички.
Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење
Post Views: 286 Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење. Ј.П. Еремја Вевчани преку координирана акција и активно учество на сите чинители во сообраќајот преку навремно, непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација при чистење на снегот, овозможи нормално движење на возилата, пешаците и гостите на Вевчанскиот карневал.
Денес сатира под отворено небо на Вевчанскиот карневал
Post Views: 288 Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира. Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.Вчера вевчанци и посетителите имаа можност да уживаат во настапите на „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Интензивните врнежите од снег не ги спречија присутните да уживаат во забавата.Денес од...
Охриѓани традиционално за Василица ќе подготват топејнца
Post Views: 220 Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца. Топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган и треба да се истопи како алва.Охридските...