Автор: инфодеск
Views: 269 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Денес минималните температури во Охрид од 4, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека и утреќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе...
Охридската Библиотека го одбележа Светскиот ден на литературата за деца
Views: 307 Со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на литературата за деца.-Овој ден е посветен на магијата на зборот, на бајките што нè водат во светови полни со фантазија, добрина и поука, и на сите автори кои со својата имагинација го збогатуваат детството. Литературата за деца има посебна вредност – таа не само што забавува, туку и воспитува, учи и инспирира. Преку бајките, децата ги откриваат разликите помеѓу доброто и злото, учат за храброст, пријателство, љубов и...
Општина Струга го одбележа Светскиот ден на свесноста за аутизмот
Views: 393 Општина Струга денес го организираше инклузивниот настан „Сина Фреквенција“, во соработка со Bright Steps, Europe House Струга, ООУ „Браќа Миладиновци” и ОРТУС, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на свесноста за аутизмот.Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, нагласи дека, според податоците со кои располага општината, во сите основни училишта на територијата на општината има над 500 деца со одреден вид потешкотии во интелектуалниот развој.Тој потенцираше дека Општина Струга е целосно посветена на работа со оваа ранлива категорија деца, со...
Оглас за прием на нови 300 војници во АРМ
Views: 415 Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници во Армијата.Општите услови за прием на кандидатите се македонско државјанство, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност. Кандидатите треба да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.Јавниот оглас за прием на војниците ќе трае 15 дена, вклучувајќи го денот на објавување. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената...
Со 400 kv далновод, Македонија ќе се поврзе со Албанија
Views: 301 Започна изградбата на 400 kV далновод на релација Трафостаница Битола 2 – македонско-албанска граница. Еден од најважните енергетски проекти во Западен Балкан, кој ќе се имплементира со поддршка на Европската Унија, со вкупна вредност од околу 20 милиони евра.Клучните придобивки за регионот се енергетска безбедност, стабилност и економски развој.–Со изградбата на овој 400 киловолтен далекувод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната недостасувачка енергетска врска со нашите соседи. За првпат, мојата држава станува целосно...
Охрид домаќин на Социо-здравствен саем: институции, лекари и граѓани во заедничка мисија за превенција и подобро здравје
Views: 258 Охрид ќе биде домаќин на Социо-здравствен саем – тридневен настан кој ги поврзува институциите, компании, иницијативи, здравствените работници и граѓаните околу прашања од директен јавен интерес.Oтворањето на саемот e на 3-ти април (петок) од 11.00 часот, во големата сала на Општина Охрид.Во периодот од 03 до 05 април, саемот носи содржина која излегува од рамките на класични настани и директно се доближува до граѓаните:– отворени разговори со институции за достапноста на здравствените и социјалните услуги– панел дискусии со лекари специјалисти за превенција, рано...
Укината забраната за пиење на водата од 4 артериски чешми во Охрид
Views: 305 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес ја укина забраната за пиење вода од 4 артериски чешми во Охрид лоцирани на булевар Туристичка, во дворот на ОУ Григор Прличев, Биранова чешма во населба Воска и чешма во градскиот пазар (до месарницата).-Забраната е укината врз основа на добиените резултати од повторените лабораториски тестирања од Центарот за јавно здравје Охрид, со кои е потврдено дека испитаните примероци ги задоволуваат физичко- хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност, информираат од АХВ.Забраната за употреба беше изречена на 17 март...
НАСА ја лансираше ракетата „Артемис II“, човештвото се враќа кон Месечината по повеќе од 50 години
Views: 494 НАСА ја лансираше ракетата „Артемис II“, првиот лет до Месечината со човечки екипаж по повеќе од половина век.Ракетата „Space Launch System“ (SLS) што ја носеше капсулата „Орион“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а екипажот е составен од четворица астронаути: командант Рид Вајсмен, пилот Виктор Гловер, и специјалистите Кристина Кох и Џереми Хансен. Кох ќе стане првата жена која патувала кон Месечината, Гловер е првиот црнец на лунарна мисија, а Хансен е првиот Канаѓанец, и воопшто првиот „не Американец“, кој ќе се упати толку далеку во вселената. Вајсмен,...









