Skip to main content

Автор: инфодеск

Преподобниот маченик Јован и другите со него

Views: 312 Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Ерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако нè убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде облачно и ладно

Views: 191 Oблачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Јавен повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка форма на попреченост во училишна возраст

Views: 452 Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид.Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови.Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За...

Продолжи со читање

Кардиолошки центар „Св. Стефан“ воведува нова метода во третманот на периферна артериска болест со системот Jetstream Atherectomy

Views: 273 Утре во просториите на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Св. Стефан“ Охрид, ќе се одржи работилница  која е посветена на воведување на нова метода во третманот на периферна артериска болест со користење на системот Jetstream Atherectomy.-Со оваа метода се третираат специфични промени на периферните артерии. Ова ќе значи натамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со периферна артериска болест, подобрување на нивниот квалитет на живот, избегнати сложени хируршки интервенции и...

Продолжи со читање

Стаматовски: Охриѓани сакаат и умеат да препознаат добар хумор

Views: 328 Во време кога секојдневието е сè побрзо и понапорно, хуморот станува неопходен дел од животот. Денес на 1 април се потсетуваме дека хуморот не е само забава, туку и начин полесно да се поминат животните предизвици. Смеата го подобрува менталното, а со тоа и физичкото здравје.Според актерот и стенд-ап комичар Стрезо Стаматовски, луѓето со развиена смисла за хумор полесно се справуваат со секојдневието.„Јас би рекол дека денес, и не само денес, имаат предност луѓето со високо развиена смисла за хумор. Така што мислам дека доста лесно се пробиваат низ овие тешки...

Продолжи со читање

По повод Светскиот ден на литературата за деца промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова

Views: 310 НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, Светскиот ден на литературата за деца утре од 12.00 часот ќе го одбележи со промоција на приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова.Роднокрајната авторка Атанасова е родена 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ ( 2013) , „Водици“ ( 2016) , „Талкачи по виножитото“ ( 2016), „Во приквечерината“ ( 2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.„Тапшин танана“ содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но и инспирирани од секојдневието на...

Продолжи со читање

За прв пат оваа година во Охрид ќе биде организирана Лазарева поворка

Views: 428 За прв пат оваа година во Охрид ќе биде организирана Лазарева поворка. Лазарева сабота или Лазарица e саботата пред Цветници, денот кога православните верници си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. –Во нашата културно-народна традиција, овој ден се одбележува со Лазареви поворки. Обичајот бил широко распространет, а во него особено биле вклучени училишните установи. Така, во пресрет на празникот, децата, заедно со своите родители, повозрасни роднини и другарчиња, собирале врбови гранчиња и...

Продолжи со читање

МОН го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година

Views: 642 Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година.Со конкурсот се предвидени  над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат...

Продолжи со читање