Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури до 9 степени

Post Views: 176 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.Во Охрид максималните температури од 4, а максималните ќе се движат до 9 степени Целзиусови.Во недела не очекува облачно и студено време со врнежи претежно од снег, наместа пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.

Продолжи со читање

Пецаков: Продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улиците во Велгошти

Post Views: 168 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици во Велгошти.-Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат, вели градоначалникот.Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот на општина Охрид.

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар доби донација на канти за селекција на органски отпад 

Post Views: 201 Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува во соработка со организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid”. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.-Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување...

Продолжи со читање

Пецаков: За Водици чинот на полагање на Светиот крст ќе го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф

Post Views: 274 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка  на најмасовната културно- верска манифестација  кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство. Во согласност со традицијата, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на...

Продолжи со читање

Куратица подготвена по 26ти пат за Василица

Post Views: 290 Животот  пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку 500 години), но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години. Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган .Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од  ентузијастите –волонтери од  здружението “Св Василиј” од  с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.Традиционалниот дел остана...

Продолжи со читање

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница во село Климештани

Post Views: 310 Од Општина Дебрца информираат дека пред крајот на 2024 година завршен е уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани, каде извршена е реконструкција на кровот, замена на прозорци и врати, обработка на внатрешни ѕидови и тавани со кнауф, надворешна фасада со абрип и бетонски тротоари.Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Продолжи со читање

Најмалку 10 жртви во најразорниот пожар во Лос Анџелес

Post Views: 371 Aмериканските медиуми објавија дека бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се зголеми на 10, а наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе. Официјални лица соопштиле дека во Палисадес вкупно биле мобилизирани повеќе од 7.500 пожарникари, а околу 400 членови на Националната гарда на Калифорнија се исто така распоредени за да помогнат во гаснењето на пожарот.  Во моментов има пожари на површина од околу 8.000 хектари.Пожарот Итон во близина на Пасадена на 5500 хектари останува целосно неконтролиран. Пожарната активност во Холивуд...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец со апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила

Post Views: 294 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид со апел пред најавениот снежен бран граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила.-Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато, се вели во...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно, кон крајот на денот повремен локален дожд

Post Views: 159 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена...

Продолжи со читање

Таравари изјави дека нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника

Post Views: 208 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на 16. декември на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.Таравари исто така изјави дека причината за смртта е најверојатно бидејќи бебето е донесено подоцна на Клиниката....

Продолжи со читање

МВР предупредува на телефонски измами со пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID

Post Views: 159  Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска...

Продолжи со читање

Македонскиот пасош е рангиран на 40. место во светот, без виза можеме да патуваме во 129 земји

Post Views: 527 Македонскиот пасош е рангиран на 40. место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на „Хенли енд партнерс“ и со него без визи може да се патува во 129 земји во светот.Северна Македонија бележи напредок од 5 позициии во однос на лани, кога беше позиционирана на 45. место. Од 2018 година, па наваму, овогодишното рангирање на нашиот пасош е највисоко, за разлика од 2021 година, кога се наоѓал на 47. место.Ова рангирање, базирано на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), го мери бројот на земји што може...

Продолжи со читање