Автор: инфодеск
Views: 319 Со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања.Од СВР Охрид потсетуваат дека согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира согласно членот 297-А и возилата,...
Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив
Views: 300 Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го...
Облачно и врнежливо
Views: 385 Денес под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.Денес во Охрид минималните температурите од 3, а максималните до 8 степени Целзиусови.
Потсетување: Вечерва намален притисок на водата, утре дел од Охрид и околината без вода
Views: 494 Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод со профил ф 711 мм вечерва после 22:00 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа, а утре, среда, од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности.
„Кино Четврток“ во четврток ќе биде посветен на кратки филмови од локални автори и нивните филмски приказни
Views: 465 Во четврток, 2 априлм со почеток од 19 часот во просториите на Филмскиот институт ФИОФА – Охрид, во рамки на програмата на КИНО „ЧЕТВРТОК“, ќе се одржи „ВЕЧЕР НА КРАТКИ ФИЛМОВИ“, посветена на локалните автори и нивните филмски приказни.Публиката ќе има можност да проследи избор од шест кратки филмови, кои преку различни теми и пристапи го отсликуваат културниот, историскиот и современиот дух на Охрид и пошироко. На репертоарот се: * „Охридските пливачки легенди“ – Љупчо Паункоски * „Раскажи песно: Охрид, Охрид...
Охридскиот кардиолог д-р Никола Бакрачески стана член на престижниот Американски Колеџ за Кардиологија
Views: 614 На свечена церемонија, на маргините на најголемиот и најзначаjниот годишен собир на кардиолози од целиот свет, а во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент- American College of Cardiology, во Њу Орлеанс, САД, на еминентниот македонски кардиолог д-р Никола Бакрачески од Охрид му беше официјално врачена титулата соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија или скратено FACC ( Fellow American College of Cardiology) – престижна група на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во...
МТТФ освои 42 медали, 2 пехари за најдобри поединци и трето место во севкупен пласман на „Тирана Опен 2026”
Views: 464 Со 15 златни, 13 сребрени, 14 бронзени медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место во севкупен пласман се вратија таеквондистите на Македонската традиционална таеквондо федерација од Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2026” во соседна Албанија.Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ, боите на Република Македонија ги бранеа 29 натпреварувачи од пет клубови на МТТФ. На натпреварот учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и...
Активно се работи на реконструкцијата на просторот околу плоштадот „Чинар“
Views: 289 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков објави кратко видео од активностите за реконструкцијата на просторот околу плоштадот “Чинар”.-Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување, напиша Пецаков во описот на видеото.Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.









