Skip to main content

Автор: инфодеск

Струга туристи

Се очекува раст на цените на туристичките услуги  

Views: 591 Порастот на цената на нафтата поради воените тензии на Блискиот Исток ќе се почувствува и во туризмот. Експертите прогнозираат, нов бран поскапувања на туристичките услуги, пред стартот на летната сезона.Очекувањата се умерен корекција на цените на сместувањето, храната и пијалоци во угостителските објекти.„Како што можеме да забележиме, веќе имаме нов бран на поскапување на одредени производи и туристички услуги. Секако дека случувањата на Блискиот Исток имаат голема реперкусија врз тоа. Единствено што олеснува е тоа што по короната веќе сме навикнати на вакви драстични...

Продолжи со читање

Свеќи

Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски 

Views: 289 Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315–386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот Ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господа. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со овој цар...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и ветер од североисточен правец

Views: 276 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од денес до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните...

Продолжи со читање

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена

Views: 392 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.Според најновите измени, бензинот поефтинува за два и пол (Еуросупер 95), односно за три (Еуросупер 98) денари, додека цената на дизелот останува иста. Новите највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар);Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар);Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50...

Продолжи со читање

Утре Охрид и околните места со намален притисок, а во среда цел град без вода

Views: 644 Се известуваат граѓаните на Општина Охрид, дека поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод со профил ф 711 мм, во Вторник на ден 31.03.2026 година после 22:00 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа, а на ден 01.04.2026 година (Среда) од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности.

Продолжи со читање

Јајца

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

Views: 272 Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава.Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите...

Продолжи со читање

Саат-кулата во Охрид три столетија го мери времето

Views: 421 Саат-кулата во Охрид  три столетија го одбројува времето. Вековниот споменик  раскажува различни приказни.Изградена во 1726 година, таа е  жив сведок на историјата на Охрид, кој низ вековите бил дел од различни цивилизации, култури и настани.Историчарите посочуваат дека токму ваквите објекти ја даваат препознатливоста на градот, но и неговиот идентитет. Во времето кога часовниците не биле достапни за сите, кулата била центар на секојдневието – место од каде граѓаните го организирале својот живот....

Продолжи со читање

Уапсен охриѓанец пријавен за напад врз сопствената мајка

Views: 354 На 29.03.2026 во 18:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 66 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал, физички ја нападнал мајка си и оштетил дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал мајка си. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање