Автор: инфодеск
Post Views: 278 Со практични едукативни работилници угостителското училиште „Ванчо Питошески“ ги промовира бенефитите од образовните профили и капацитетите на училиштето. Полуматурантите од охридските училишта имаат прилика во кабинетот по готварство да вкусат дел од вкусните јадења кои ги подготвуваат учениците но и да се запознаат со готварските тајни. Во кабинетот по Послужување им приготвуваат безалкохолни коктели и се запознаваат со правилата за поставување маса и декорирање.Целта е привлекување на што повеќе ученици, да се приклучат во угостителско туристичките...
Со започнување на пролетта се интензивираат активностите за одржување на јавната чистота
Post Views: 156 Со започнување на пролетта се интензивираат активностите на ЈП Охридски Комуналец за генерално чистење и миење на коловозите, тротоарите и други јавни површини во поширокото градско подрачје.Се чисти делот покрај коловозните ленти на патниот правец Охрид-Свети Наум од расфрлан ситен комунален и тешко разградлив отпад (лименки, пластична и картонска амбалажа и др)Со специјална механизација се интервенираше во расчистување на крајбрежниот појас од градскиот кеј, во близина на Холандски Парк, а се спроведе и машинско миење на кејот на оваа локација.
Јавна презентација и расправа за оцена на влијание на животна среднина за ДУП за УЗ12, УБ12.3 опфат 3
Post Views: 197 Се организира јавна презентација и јавна расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за УЗ 12 , УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за УЗ 12 , УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина...
Се повикуваат добитниците на стипендии од Општина Охрид да ги потпишат договорите
Post Views: 221 Од Општина Охрид ги известуваат добитниците на стипендии дека од 08.04.2025 (вторник) до 11.04.2025 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите.Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во придружба на родител или старател.
Отворено писмо од Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ до надлежните во врска со хотелскиот комплекс во Горица
Post Views: 220 Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ со отворено писмо се обраќаат до премиерот, членовите на Владата на РСМ, градоначалникот на Општина Охрид и до јавните обвинители со барање за, како што велат, суштинско и итно спроведување на Уставот, законите и меѓународното право во случајот со хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп во Горица, Охрид.Писмото го пренесуваме во целост:Ви се обраќаме јавно, со надеж дека на овој начин нашето обраќање нема да резултира со уште еден формален допис кој ќе изобилува со празни фрази за тоа „како институциите ги спроведуваат законите и...
Денеска се празнува Свети Јаков Исповедник
Post Views: 213 Денеска е 3 април (21 март по стар стил), според Православниот календар на Македонската православна црква денеска се слават: Свети Јаков, епископ и Исповедник, Преподобен Кирил, Свети Тома патријарх Цариградски и Преподобен Серапион.На 3 април се празнува Свети Јаков Исповедник, голем духовник и маченик кој целиот свој живот го посветил на верата, постот и молитвата. Иако неговото место на раѓање и епископствување не се со сигурност познати, се знае дека живеел според Христовите закони и бил верен чувар на православната вистина.Се знае дека ги исполнил...
Oблачно со повремени врнежи од дожд
Post Views: 161 Во Охрид денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Градежен работник од Охрид повреден во Делогожда
Post Views: 422 На 01.04.2025 во 14.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобилo со повреди 63 годишо лице од Охрид, вработен во фирма од Скопје.–Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што охриѓанецот се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки...
Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода
Post Views: 163 На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).–Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03.2025 околу 21 часот пријавениот дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување...
Два тур оператори ги откажаа летовите за Охрид
Post Views: 318 Тур операторот Корендон оваа сезона нема да носи туристи од Холандија на брегот на Охридското Езеро. Поради внатрешна реорганизација компанијата ја укина чартер линијата Амстердам – Охрид која во сезона оперираше три пати неделно. Во новиот летен ред на охридскиот аеродром го нема и еден од најголемите полски тур операторот „Реинбоу” кој носеше гости од Варшава.Причините за нивното откажување се високите цени на алл-инклузив услугата во хотелите.„Со новите линии се отвораат можности за доаѓање на што повеќе индивидуални гости но тука би...
Oбјавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија
Post Views: 186 Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. Содржината напишана на околу 200 страници и е поделена во неколку поглавја во...
Припадници на ТППЕ Охрид дел од Републичкиот тим за брз одговор и спасување од урнатини
Post Views: 143 Припадници на Територијалната професионална противпожарна единица Охрид, ќе бидат дел од Републичкиот тим за брз одговор за заштита и спасување од урнатини.–Toa e нешто за кое ние како единица се залагавме изминатите години, Напишаа во објавата на Фејсбук од ТППЕ Охрид.Тимовите за брз одговор од противпожарните единици се дел од високо обучен тим за заштита и спасување на ДЗС кој може да одговори на голем број предизвици во случај на несреќи и елементарни непогоди.
