Skip to main content

Автор: инфодеск

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Views: 312 Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродрoм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи во Охрид и охридското крајбрежје, истакна вицепремиерот Александар Николоски на настанот каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски го означија проектот за реконструкција и надградба на охридскиот аеродром.Проеките што се работат околу аеродромот, вели вицепремиерот Николоски, ќе го подигнат капацитетот и квалитетот на...

Продолжи со читање

Показна вежба за евакуација утре во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид

Views: 330 Во насока на зајакнување на подготвеноста и координираноста за навремено и ефикасно делување при несреќи, елементарни непогоди и катастрофи, Црвен крст Охрид продолжува со спроведување на практични активности во образовните установи.Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), утре (31 март 2026 година) во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување. Почетокот на вежбата е закажан за 11:30 часот.Вежбата ќе се спроведе според претходно...

Продолжи со читање

Интензивно се уредува просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј

Views: 517 Во тек се интензивни активности за уредување на просторот кај изворите Горно Поле во селото Велмеј, Општина Дебрца, со цел оваа локација да прерасне во попривлечно место за одмор и рекреација во природа.Станува збор за природен локалитет кој се одликува со чиста вода, богато зеленило и мирна околина, што го прави еден од поатрактивните простори во општина Дебрца.Од локалната самоуправа информираат дека со внимателно планирање и континуирана работа се врши унапредување на просторот, при што посебен акцент се става на зачувување на природните вредности.„Водата,...

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Отворен ден на УИНТ Св. Апостол Павле за идните студенти

Views: 345 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид на 31 март 2026 година организира Отворен ден, настан наменет за матуранти и сите заинтересирани кои сакаат да се запознаат со студиските програми и можностите што ги нуди Универзитетот.Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, посетителите ќе имаат можност да се информираат за студиските програми, да разговараат со професори и студенти, како и да дознаат како теоретското знаење се применува во практиката во областа на информатичките технологии, вештачката интелигенција и дигиталната...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2026 година

Views: 672 Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2026 год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за  2026 година  а со цел стимулирање на  жителите на општина Охрид  (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди  за затоплување на своите домови Општина Охрид објави Јавен повик.Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување инвертер клими изнесува 1.500.000,оо денари од кои 750.000,оо денари се...

Продолжи со читање

ЈП „Комунално” им даде рок на неплаќачите до 6 април ди си ги подмират долговите

Views: 436 ЈП „Комунално” Струга започна кампања за подмирување на заостанатите долгови, упатувајќи апел до граѓаните и деловните субјекти навремено да платат.  Како и останатите ЈП и Комунално Струга се соочува со сериозни финансиски предизвици, при што вкупниот долг се проценува на речиси еден милион евра.Од претпријатието потсетуваат дека одржувањето на чиста и уредна животна средина е резултат на секојдневната работа на комуналните работници.Редовното плаќање на обврските не е само законска должност, туку и одговорност.  Во...

Продолжи со читање

Белчишко блато

Jавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа

Views: 264 Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Деабрца, организира јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија 4 – Парк на природата. Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април (вторник), со почеток во 11часот во сала за состаноци во општина Дебрца. Учеството на јавната расправа треба да се потврди за што повеќе информации има на веб страната на министерството. Нацрт Законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е...

Продолжи со читање

Свети Алексеј, човек Божји

Views: 252 Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но, ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што...

Продолжи со читање