Автор: инфодеск
Post Views: 188 Општина Дебрца објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2025 година.Со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2025 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед.Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за...
Верижни пропусти кои довеле до пожарот во Кочани и бетонирањето на „Горица“ во Охрид меѓу МАТНИТЕ настани во март
Post Views: 162 Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата,наречена „Бистро-Матно“.-Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, велат од Транспаренси...
Градоначалникот го донесе решението за стипендирање лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид за учебната 2024/2025 год
Post Views: 323 Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков го донесе решението за лицата кои ќе добијат стипендија согласно Одлуката за спроведување на мерки за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид за учебната 2024/2025 год.,Решението можете да го прочитате ТУКА.
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот
Post Views: 157 Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот е ден посветен на подигање на свеста, поттикнување, разбирање, прифаќање и чествување на животите и придонесите на лицата со АСН. Денес, ние ја осветлуваме убавината на различноста, важноста на прифаќањето и моќта на вклучувањето во општеството.Аутистичниот спектар на нарушување е невроразвојна состојба која влијае на тоа како поединците го перцепираат светот и како комуницираат со другите. Се проценува дека 1 од 32 луѓе во САД се во спектарот ‒ бројка што нагласува како аутизмот е суштински дел од нашата...
Mонтирана нова потопна пумпа во бунарот Студенчишта
Post Views: 200 Од ЈП Водовод информираат дека одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 2).-Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 59 kw, велат во нивното соопштение.Од јавното претпријатие посочуваат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети.
Јавен повик за субвенционирање на граѓани за набавка на инвертер клима уред
Post Views: 348 Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година а со цел стимулирање на жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди за затоплување на своите домови објавува Јавен повик за субвенционирање на граѓани за набавка на инвертер клима уред.Јавниот повик ќе трае заклучно со 28 април 2025 година или до исцрпување на предвидените...
Во сабота ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 198 На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република” (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ, каде што ќе можете да најдете и да продавате:Облека од втора ракаРачно изработени сувенириКниги, торби, обележувачи за книги и креативни изработкиКреативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот.Сè уште има место за учество. Доколку сакате да продавате и да ја поддржите оваа иницијатива, пријавете се.Сите собрани средства ќе бидат донирани...
Објавена „Македонска поетика и стилистика“ – прва национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји
Post Views: 209 Деновиве излезе од печат колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и на Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац. Работата на изданието е производ на повеќегодишната работа на неколкумина македонски членови на Комисијата за стилистика при Меѓународниот славистички комитет. Автори на монографијата се научните истражувачи од Институтот за македонска литература: Славчо Ковилоски, Марина Цветаноска, Билјана Рајчинова-Николова,...
„Збогум Буково“: Без селекција на отпадот уште долго ќе се труеме од депонијата Буково
Post Views: 218 Во изминативе две недели сведоци сме дека Буково интензивно чади и отпадот е запален на неколку локации, информираат од Иницијативата Збогум Буково. Посочуваат дека и покрај бројните реакции, прашање е дали дневно се покрива со земјен материјал како што налагаат законските прописи или станува збор за нешто друго.„Чадот се шири не само на охридска туку и на ресенска страна, а жителите на Крушје речиси секојдневно праќаат застрашувачки снимки од зачадениот локалитет. Добиваме и бројни реакции од минувачи на патот Охрид-Ресен-Битола и сме крајно загрижени ако...
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
Post Views: 418 Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Целосниот оглас е објавен на линкот.Ќе има две пријавувања, во јунскиот уписен рок на 14 до 17 јуни и едно во августовскиот на 21 август. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе...
Новите судии денес ќе дадат свечена заклетва пред Судскиот совет
Post Views: 366 Во Судскиот совет денеска свечена изјава ќе дадат новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители.Основен суд Битола : Марија Филиповска-Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска-ЛазановскиОсновен суд Велес : Мила ЦилаковаОсновен суд Гевгелија : Ива Цоневска Вангелова и Марта СпасовскаОсновен суд Гостивар : Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми-Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален СадикуОсновен суд Делчево : Наташка АтанасовскаОсновен суд Кавадарци : Костадинка...
Денеска е Светскиот ден на шегата
Post Views: 286 Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април.Наскоро...

