Автор: инфодеск
Views: 240 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Минималните температури денес во Охрид од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“
Views: 295 Почна реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а предвидено е градежните работи да завршат до крајот на мај.„Проектот треба да донесе 4.500 квадратни метри функционален простор, што е околу 2. 500 повеќе од постојниот. Инвестицијата е во повеќе фази, едната е оваа што се гледа, но има и други, споредни. Се надевам дека во јули ќе можеме да ве поканиме тука, на свечено отворање и да имаме комплетно нова приказна со која заеднички ќе бидеме горди“, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар...
Отворен спомен-паркот посветен на хероите на Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски
Views: 307 Денеска напладне, во поранешната касарна во Охрид, со пригодна свеченост е отворен спомен парк посветен на хероите од Шестата македонска бригада и генералот Михајло Апостолски.Спомен паркот е израз на трајна благодарност и почит кон борците кои со својата храброст и пожртвуваност, ја вградија својата жртва во темелите на слободата, а спомен паркот ќе биде вечен потсетник на нивното дело и инспирација за идните генерации.Отворањето на спомен паркот е иницијатива на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, огранок Охрид, со...
Голф клуб Охрид со иницијатива за збогатување на спортскиот живот на најмладите
Views: 486 Активности за промоција на голфот како спорт достапен за сите генерации започнаа во охридските училишта. Иницијативата е на Голф Клуб Охрид и има за цел да го доближи овој спорт до најмладите и да понуди нови можности за нивен правилен психофизички развој во време кога децата се соочуваат со предизвиците на дигиталната ера.Во рамки на проектот, успешно се реализирани првите едукативни презентации во ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Христо Узунов“ во Охрид, каде учениците од 4-то и 5-то одделение во рамки на часовите за физичко образование имаа можност одблизу да се запознаат...
До крајот на мај ќе се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на аеродромот Св. Апостол Павле Охрид
Views: 245 Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на аеродром Св. Апостол Павле во Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро владеење преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во Југоисточна Европа.На оваа тема се дискутираше на...
Субвенции за даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам
Views: 476 Општина Охрид објави Јавен повик за користење на финансиски средства од општинскиот буџет, наменети за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.Општина Охрид ќе ги субвенционира трошоците за набавка на урбана опрема, стока од траен карактер во контекст на развој на руралниот туризам, во максимален износ по барање од 30.000 денари со вклучен персонален данок во Форма на еднократна директна парична помош.За да може да аплицира за користење на субвенции потребно е лицето да поседува валидно решение за вршење на туристички услуги во...
Пилот проект за реформа на водоснабдувањето преку фузија на јавните претпријатија
Views: 240 Стари водоводни мрежи, огромни загуби, секојдневни дефекти и лошо менаџирање – ова е сликата во Секторот на водни услуги во земјава. Водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води во моментов ги извршуваат околу 70 претпријатија, соочени со сериозни предизвици и огромни долгови.Сè уште функционираат старите режими, без поделба на фекална и атмосферска вода, што доведува до сериозни еколошки ризици.„Секторот бара околу 2,5 милијарди инвестиции до 2045 година. Тоа се огромни средства...
Гимназијалците со хумано срце
Views: 375 Годишниот традиционален хуманитарен настан во организација на учениците од гимназијата Св Климент Охридски повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место.Вечерва со почеток во 20 часот, во просториите на ЦК „Григор Прличев“, гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија испраќаат силна порака за заедништво и поддршка.Хуманата цел на овој настан е особено важна, сите собрани средства ќе бидат...









