Skip to main content

Автор: инфодеск

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина

Views: 177 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните...

Продолжи со читање

Светски ден на театарот Народен театар Охрид ќе го одбележи со претставата „Парите се отепувачка”

Views: 284 Народниот театар Охрид вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски во склоп на чествувањето на Меѓународниот ден на театарот и истата има хуманитарен карактер.Во претставата играат МИТРЕ – Стрезо Стаматовски, АНЃЕЛЕ – Филип Кипровски, МАРА – Марија Новак, КАТА – Адријана Билаловиќ – Тодороска и СОФРЕ – Никола Тодороски. Претставата ќе се одигра утре со почеток во 20 часот, а цената на билетот е 300 денари.Сите средства од продадените билети за претставаta ќе бидат донирани...

Продолжи со читање

Асфалтирање на улици во Горно и Долно Лакочереј

Views: 291 Започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа.Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација.Вредноста на инвестицијата за асфалтирањето изнесува 8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места.

Продолжи со читање

Охридскиот народен театар вечерва премиерно со „Чаплин во црно-белиот свет“ – детска хуманитарна претстава за Ева

Views: 438 Вечерва Охридскиот Народен театар премиерно ќе ја изведе детската претставата „Чаплин во црно-белиот свет“. Во претставата играат Филип Кипровски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Павел Маслов, Елизабета Стефановска Јандреовска, Биљана Билаловиќ Вељаноска и Ивица Цонев, а режијата е на Ѓорѓи Ризески.Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекувањето на Ева.ЧАПЛИН ВО ЦРНО БЕЛИОТ СВЕТ е детска театарска претстава инспирирана од делото, поетиката и духот на Чарли Чаплин, но создадена како оригинален сценски настан, наменет за современата детска публика....

Продолжи со читање

Свети Никифор, патријарх Цариградски

Views: 766 Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше...

Продолжи со читање

облаци над езеро

Променливо облачно и ветровито

Views: 769 Денес ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен...

Продолжи со читање

Македонската Армијата се модернизира со 17 нови оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД

Views: 420 Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила од типот „страјкер“. Оваа опрема е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за модернизација на македонската Армија со современи борбени средства, а до средината на летото треба да пристигнат вкупно 42 кои се дел од набавката  на воени возила од Соединетите Американски Држави. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со пристигнувањето на овие возила значително се зајакнува капацитетот на Армијата. Тој изрази благодарност до припадниците на војската, Министерството за...

Продолжи со читање

Започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид

Views: 750 Денес започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид.‎-‎Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. ‎Претходно, со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека, вели градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. ‎‎Активностите за...

Продолжи со читање