Skip to main content

Автор: инфодеск

Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година

Post Views: 215 Драги пријатели,Нека ни е среќна Новата година!Да биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа и успех. Да се потрудиме да поминуваме повеќе моменти со најсаканите и да градиме позитивни вредности.Во оваа прилика би сакале да Ви се заблагодариме за целокупната поддршка што ни ја давате, продолжете да не читате на tvm.mk и следете ги вестите во редовните термини во 17 и 22 часот на ТВМ ТелевизијА.Уште еднаш, нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година! Уживајте во празниците. За многу години!

Продолжи со читање

Пецаков: Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”

Post Views: 157 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”.Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства.-Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, се додава во соопштението.

Продолжи со читање

Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари

Post Views: 288 За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.  Учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.Оваа година нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен минатата година и траеше од 29 април до 6 мај 2024.

Продолжи со читање

Богата Новогодишната забава за дочек на 2025 година на Градскиот плоштад

Post Views: 347Вечерва на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.Утре, на 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Продолжи со читање

Многу смеа и позитивна енергија на вчерашното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“

Post Views: 161 Многу смеа и позитивна енергија донесе популарното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“ на извонредните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое беше изведено вчеравечер на градскиот плоштад, во рамки на Новогодишната програма на Општина Охрид.Стендап дуото беше придружувано од Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.

Продолжи со читање

82 години од првата изведба на нашата химна „Денес над Македонија“

Post Views: 351 Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.Постојат неколку верзии за „Денес над Македонија“.Според една од нив, првичната мелодија е под влијание на народната песна „Надежда болна легнала“, која настанала како адаптација на мелодија што потекнува од некој европски шлагер, за кој се верува дека е донесен на македонските простори за време на Првата светска војна. Според оваа верзија, Владо Малески ја научил песната „Надежда болна легнала“ од својата мајка. Според друго...

Продолжи со читање

Гимназискиот драмски клуб ја изведе комедијата „Инспекторот“

Post Views: 247 Вчеравечер членовите на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Димитар Ѓуроски, Ѕвездан Јончевски, Анастасиа Атесленко, Јана Каралиевска, Софија Милевска, Сара Петкоска, Јана Патчева и Ангелина Бошкоска, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” ја изведоа комедијата „Инспекторот“. Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.-Ги пофалуваме младите таленти и ги поттикнуваме сите заинтересирани ученици да се вклучат во прекрасната работа на драмскиот клуб, се вели во соопштението од ОСУ „Св Климент...

Продолжи со читање

Денеска завршува „Охридска новогодишна приказна“

Post Views: 161 Денеска завршува програмата „Охридска новогодишна приказна“ организирана од Општина Охрид. Најмладите дечиња уживаа во детски претстави, новогодишни базари и музички настани организирани на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.Денес со почеток во 12:00 часот најмладите ќе уживаат во Новогодишен концерт на хорот „Ѓердан од бисери“, а во 12:30 ќе следи концертот „Охрид знае љубов што е“. Забавата продолжува во 14 часот со Новогодишно шоу со Дј АЦЕ.

Продолжи со читање

Македонските карате репрезентативци на прием кај градоначалникот Пецаков

Post Views: 168 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС ,,КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во  големите меѓународни карате сцени.На надежните млади спортисти градоначалникот им посака понатамошни успеси посочувајќи дека локалната власт во рамки на своите ингеренции ќе ги поддржува и следи нивните успеси.Охридските  репрезентативци на Македонија, Анастасија Смилевска и Дамјан...

Продолжи со читање

2024-та ја испраќаме со сончево време

Post Views: 168 Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Се асфалтираат пристапни патеки и краци од улици во Велгошти

Post Views: 184 Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици. Вкупната должина на асфалтирани краци изнесува 320 метри, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари. Активностите за асфалтирање продолжуваат после празничните денови.

Продолжи со читање

Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители од цела Македонија

Post Views: 210 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.-Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра...

Продолжи со читање