Автор: инфодеск
Views: 260 Документарниот филм „К15: Од другата страна“ вечерва ќе биде на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.00 часот.Цена на карта е 200 денари.„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект. Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки...
Tри нови случаи на семејно насилство во Охрид за изминатите 24 часа
Views: 660 Tри нови случаи на семејно насилство во Охрид, во полицискиот билтен за изминатите 24 часа на територија на СВР Охрид.На 24 март 2026 година, во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44 годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10 годишен син и покрај тоа што против него имало решение од 19 јуни 2025 година со заштитни мерки од 12 месеци во кое било наведено дека му е забрането да врши физичко и психичко...
Враќање кон традиционалните готварски практики за одржлив систем на исхрана и нула отпад од храна
Views: 619 Традиционалните методи на обработка и приготвување на храна од почетокот на 20 век претставуваат одржлив систем на исхрана, од кој многу практики треба да се задржат и применуваат и денес, па и во иднина. Тоа го потврдуваат анализите што последниве неколку години ги спроведува меѓународен конзорциум за истражување и развој на дигитални алатки за одржливи кулинарски практики, во кој учествува и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.Во пракса, ваквиот пристап подразбира целосно искористување на сите намирници и стремеж кон создавање “нула отпад”. Во кујна што не...
Културното наследство недоволно искористено како капитал за развој на туризмот
Views: 496 Македонија има значителен културен капитал, но тој сè уште не се користи и управува доволно ефективно за развој на туризмот, вели проф. д-р Сашо Коруновски, експерт во областа на туризмот. Потребен е систем на уредување и вклопување на културното наследство во туристички производи.– Во моментот има многу можности коишто не се искористени, тоа сериозно можам да го кажам, затоа што да, ние промовираме, но не правиме сериозни туристички производи базирани на културно наследство , тоа се тие културни рути. Од каде е овај заклучик, генерално оние кружни тури друг ги...
Контроли во Струга за откривање нелегални приклучоци на системот за јавно осветлување
Views: 414 Компанијата ICS SISTEMI, задолжена за одржување на уличното осветлување во Струга, најавува засилени контроли на електричната мрежа во наредниот период, соопштија од Општина Струга.-Контролите ќе бидат насочени кон откривање на нелегални приклучоци во дворови и приватни објекти. Секое неовластено приклучување ќе биде санкционирано согласно закон, со можност за покренување кривична постапка за злоупотреба на електрична енергија, посочуваат од општината.Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да придонесат кон безбедно и ефикасно функционирање на...
Неколкучасовен прекин на водоснабдувањето на ул „Гоце Делчев“ и сите споредни улици од Воска и Далјан
Views: 205 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.
Електронскиот отпад e еден од најопасните загадувачи
Views: 199 Научните анализи изминативе години во Охридското Езеро покажуваат присуство на тешки метали како олово и жива, кои не се гледаат во водата, но се акумулираат во седиментите на дното. Еден од потенцијалните извори е електронскиот отпад, кој доколку не се третира правилно, завршува во природата. Во таа насока, дел од активностите се насочени кон едукација и селекција на отпад, особено кај младите.-Ние го развиваме овој модел поставување на потребна инфраструктура канти за селекција на отпад. Се фокусираме на пластика и хартија. Сега веќе започнавме и со селекција на...
Струга денес свечено ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата
Views: 264 Денес во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга со почеток во 12 часот, во фоајето на Центарот ќе се одржи свеченост „Кога поезијата зборува“ по повод одбележувањето на 21 Март – Светскиот ден на поезијата.Организаторите во нивното соопштение додаваат дека на свечените поетски читања ќе се слушнат стиховите на домашни и странски автори, како и лични наградени творби на учениците од општинските основни училишта во Струга.









