Автор: инфодеск
Post Views: 414 Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“, на конкурсот што традиционално го распишува Издавачката куќа Темплум од Скопје, годинава ја доби охриѓанката Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“.Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид-Берлин, виа Скопје.– Поттикот за пишување на овие „берлински раскази“ е поврзан со моите...
Денес на охридскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз, те сакам јас“
Post Views: 171 Денеска на градскиот плоштад со почеток во 12:30 часот ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз, те сакам јас “. Се работи за возбудлива новогодишна приказна која нуди забава, игра и едукативни пораки за најмладите. Во претставата играат: Мирјана Поповска Ристов, Радо Алексовски и Роберт Ристов.Вечерва со почеток во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“.Утре, вторник 31.12.2024 година со почеток во 12 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на хорот „Ѓердан од бисери “. Во 12:30 часот ќе се одржи концертот „Охрид...
Денес хуманитарна акција: предновогодишна едукативно забавна прошетка со брод
Post Views: 158 Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид. Во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на бродот Армада, Црвен крст Охрид ќе реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 30 дечиња, охриѓанчиња, кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.–Бродот Армада со дечињата придружувани од своите родители, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, Дедо Мраз, туристички водич, тим на спасители на вода и медицински...
Советот на Општина Дебрца гo усвои Буџетот за 2025
Post Views: 151 На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за...
Ни следува период на стабилно и суво време
Post Views: 147 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -3 до 9 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Упешно завршена хуманитарната акција на Црвен крст – „Волшебна елка“
Post Views: 147 Црвен крст Охрид со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „Ѓердан од бисери“ и дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од нивната традиционална хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во комплексот KAM Village.Пред бројните посетители настапи и музичкиот бенд на Црвен крст Охрид „HUMANE-ХУМАН“.Преку оваа хуманитарна акција нашите хумани сограѓани имаа можност да ги исполнат новогодишните желби на повеќе од 50...
Вечерва предновогодишна „Импровокација“
Post Views: 216 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.-За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, додаваат организаторите.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Денес ќе се одржи Зимски Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“
Post Views: 290 Денес Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5.Планирано е момчињата и...
ФК „Св. Троица“ донираше пакетчиња за сите првачиња во ОУ „Кочо Рацин“
Post Views: 290 ФК Св. Троица, по претходна хуманитарна акција во рамките на клубот, донираше пакетчиња за сите првачиња во двете основни училишта, Кочо Рацин (Радоица Новичиќ и Лакочереј).– Од народот за народот! Благодарност до наставничкиот кадар во ООУ “Кочо Рацин”- Охрид, што овозможи ова да се случи. Клубот ќе се стреми за организирање повеќе хуманитарни настани во иднина, со цел да го поттикне локалниот развој и поддршката на различни општествени групи. – велат од фудбалскиот клуб.
Денес работилница за изработка на ѕвездичките за Бадниковата поворка
Post Views: 180 Денес во 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.– Ќе ја пееме „Вечниот Бог“ и ќе изработуваме ѕвезди. Најмили охриѓани ве очекуваме, порачуваат организаторите.Во меѓувреме продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.Годинава се очекува околу 2000 деца на 6-ти јануари низ охридските улици да ја пеат песната „Вечниот Бог“, носејќи ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што го покажала патот на мудреците до...
ЈП “Билјанини Извори” подари новогодишни пакетчиња на неколку здруженија во Охрид
Post Views: 229 Традиционално, ЈП “Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, Добротољубие-Св. Ѓорѓија, Зраци, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ Св. Климент Охридски, инклузивна игротека Радост – Здружение Вопс и здружението Тајните на моето срце и на сите им подари новогодишни пакетчиња.-Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу љубов и здравје во новата 2025 година, се вели во соопштението од јавното претпријатие.
Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта во Општина Дебрца
Post Views: 239 Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.-Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните...