Skip to main content

Автор: инфодеск

Преподобен Кирил Пејчиновиќ, игумен Лешочки

Views: 224 Роден во с. Теарце во 1771 година. Заедно со татко му Пејчин, и со стрико му Далмат замина на Света Гора, во манастирот Хиландар. Таму Кирил се истакнуваше со својот подвиг и послушание, бивајќи неуморен во постот и молитвите. По извесно време беше замонашен и ракоположен во свештенички чин, а Божествената литургија ја служеше со особена љубов. По Божја промисла и со благослов, заради проповед на Евангелието во својот роден крај, кој поради тогашните прилики во Отоманската империја беше недоволно духовно просветлен, го напушти Хиландар и се насели во манастирот на Св. Димитриј...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со сончеви периоди и северен ветер

Views: 223 Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималнте до 13 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека утре преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на...

Продолжи со читање

Утре се одбележува денот кога Прличев во Атина ја добил наградата за поемата „Сердарот“

Views: 262 Утре, среда се навршуваат 166 години откако на 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја освои првата награда на традиционалниот книжевен конкурс  во Атина и е наречен „Втор Хомер“.По тој повод НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го спроведе проектот „Калдрмата шепоти за Прличев“. Во него се вклучени 10 ученици од неколку паралелки од шесто одделение од општинското основно училиште што го носи името на поетот и преродбеник.-Учениците во Библиотеката најпрво ќе се запознаат со ликот и делото на Прличев а подоцна заедно со мене и уште двајца колеги ќе...

Продолжи со читање

Сиљаноски: Денес на брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започната е историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“

Views: 2.799 Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информираше дека денес на брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започната е историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“.-Заедно со нашите партнери, ја покажавме силата на заедништвото: Општина Дебрца, АКВАТЕК Охрид, Воден Свет Преспа Охрид и СОС Балкан Медиа Охрид – обединети со една цел – зачувување на нашето езеро. Оваа акција е резултат на силна лична заложба и јасна визија – екологијата да не биде само збор, туку конкретна акција со долгорочно влијание. Сликата која ја затекнавме...

Продолжи со читање

АХВ ги чека резултатите од контролните испитувања на водата од четири чешми во Охрид, дотогаш забраната на сила

Views: 221 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги чека резултатите од лабораториските тестирања на мострите вода за пиење од 4 артериски чешми во Охрид (од кои една во дворот на ОУ Глигор Прличев), за кои на 17 март годинава, била донесена забрана за употреба поради бактериолошка загаденост.Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор на 16ти март, констатирана е микробиолошка контаминација на водата од артерските чешми на пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до...

Продолжи со читање

Во Зоолошка градина Скопје се родија две близначиња лемури

Views: 383 Од Зоолошката градина Скопје информираат дека се родија две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат своето живеалиште со разиграноста и љубопитноста.Инаку, лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Тие живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе, а интересно е што кај нив владее матријархат – женките се главни во своите групи.Овие нови животи се уште еден доказ за успешната...

Продолжи со читање

Градежни активности на дел од ул. „Партизанска“ во населба Охридати

Views: 255 Денеска започнаа градежни активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“, во населбата „Охридати“.Од општината апелираат до жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона.– Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор надвор од јавната површина што треба да се реконструира, апелираат од Општина Охрид.Изведувач на активностите е ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.

Продолжи со читање

Семејно насилство

Две пријави за семејно насилство во охридско

Views: 199 На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54 годишен жител од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со 29 годишник од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом...

Продолжи со читање