Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре во Струга ќе се одржи Зимски Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“

Post Views: 299 Утре Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5.Планирано е момчињата и...

Продолжи со читање

Поемата „Никогаш пред ил’ потем“ лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2024

Post Views: 219 Oд Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“.Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев како членови.– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, пет од нив се издвоија со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Во потесен избор влегоа поемите „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин...

Продолжи со читање

Две детски претстави на Градскиот плоштад за најмладите

Post Views: 172 Детската новогодишна програма продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „ Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски.Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да уживаат во претставата за деца „Четирите принцези и Дедо Мраз“. Во претставата преку креативна театарска игра и веселиот кловн Кики се интерпретира...

Продолжи со читање

Подигнат кабаст и зелен отпад од мапирани диви депонии во с.Подмоље

Post Views: 175 Екипите на Ј. П.,,Охридски Комуналец” реализираа активности за подигање кабаст и зелен отпад од три локации во с. Подмоље, каде несовесни граѓани создале диви депонии.-За расчистување на локациите ангажирана е специјална механизација и подигнати се 23 м3 отпад, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Детската градинка од Вевчани организираше Новогодишен базар

Post Views: 343 Дечињатата од градинката Јоуддг „Планински Цвет“ од Вевчани како најсјајни звездички го разубавија плоштадот во Вевчани. Малите актери одсликаа една преубава Божиќна приказна и ги стоплија срцата на секој присутен на Новогодишно – Божиќниот базар. Дечињата се израдуваа на Дедо Мраз кој им поклони подароци, на Џеј Џеј и Елза кои се нивните омилени ликови од цртаните филмови.Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, со големо задоволство ја потврди успешната реализација на Новогодишниот базар од страна на Детската градинка Јоуддг...

Продолжи со читање

Самостојна изложба на уметникот Сашо Блажес денес во Касарна Хаб

Post Views: 283 Во Касарна Хаб во Охрид, денеска ќе биде отворена самостојната изложба „No escape from reality” на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.Станува збор за изложба која ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела, информираат организаторите.-После самостојните излагања во Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени дела од моите најнови циклуси во Охрид но овој пат во еден неконвенционален, ‘’експериментален’’ простор, во Касарна Хаб,(во...

Продолжи со читање

Општина Охрид: Новогодишни пакетчиња и пригодни подароци за празнична радост

Post Views: 152 Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков подели новогодишни пакетчиња на најмладите.Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека  „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата Болница во Охрид.Пригодни подароци беа поделени и на згрижените пациенти во Одделението за геријатрија при...

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Post Views: 140 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Облачноста од пладневните часови ќе се зголеми од исток и на североистокот кон крајот на денот ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.Од утре следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во...

Продолжи со читање

Избрани новите членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид

Post Views: 243 Синоќа на општинска Конференција се избраа членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид.Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат.„Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за справување со проблемите. Ние сите мора да ги имаме вистинските идеи за да ги смениме тие работи кои се рак рана на партијата...

Продолжи со читање

Фатен крадец во продажен објект на булеварот „Железничка“

Post Views: 144 На 25-ти декември 2024 година, во 16:30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид, кое претходно било затекнато при кражба на помошен работен алат и прибор.– Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид работи на економско јакнење на жената

Post Views: 175 Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Истражувањата покажуваат дека жените  ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот. Подготвен е и акционен план со конкретни  мерки и активности за...

Продолжи со читање

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” ќе поделат новогодишни пакетчиња за дечиња од социјален ризик

Post Views: 256 Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период, под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!”, психологот на училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид, Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.– За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници: Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, кои заедно со учениците приготвија домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на...

Продолжи со читање