Skip to main content

Автор: инфодеск

Измени во календарот за подигнување на отпад од пластика и хартија од кантите за селекција

Views: 199 ЈП „Охридски Комуналец“ информира дека се направени измени во календарот за подигнување на отпад од пластика и хартија од садовите за селекција.Целта на измените е поефикасно собирање на селектираниот отпад од домаќинствата каде што веќе се доделени кантите за селекција, велат од претпријатието.Новиот календар ЈП Охридски Комуналец го објави на својата Фејсбук страна, а истиот ќе им биде доставен на граѓаните и по пошта.Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Мартин Пејоски и скопјанецот Илија Циривири со историски подвиг на „Supercouloir“ – најголем успех на македонскиот алпинизам во последните две децении

Views: 352 Охриѓанецот Мартин Пејоски и скопјанецот Илија Циривири постигнаа историски успех во македонскиот алпинизам, искачувајќи ја прочуената насока „Supercouloir“ на централните Алпи, над Шамони. Двајцата алпинисти, кои веќе неколку години функционираат како воигран тандем (алпинистичка наврска), успеаја да совладаат една од најпредизвикувачките линии во регионот – насока што првпат била искачена во 1975 година од легендарните Жан Марк Боавен и Патрик Габару.Циривири, член на Алпинистичкиот клуб „Матка“ од Скопје, и Пејоски од АК „Патагонија“ Охрид, со овој подвиг испишаа страница...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Забрана за пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје

Views: 246 Забрането е пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје.  Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.Посочените артерски чешми се наоѓаат на следниве локации: На пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.

Продолжи со читање

Свеќи

Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски

Views: 197 Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски преведен како „Духовна полјана“). Подоцна заминаа во Рим, каде Мосх умре, а на Софрониј му порача да го пренесе или на Синај или во...

Продолжи со читање

Стабилно до четврток, потоа следува нестабилно време со врнежи

Views: 189 Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека утре и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд...

Продолжи со читање

Еко свест Вевчани сподели „фатени моменти“ од кафеавата мечка на Јабланица

Views: 348 По повод Светскиот ден на кафевата мечка, Еко свест Вевчани објави видеа снимени со фото-замки на планината Јабланица, на кои се забележува присуство на кафевата мечка.Од организацијата информираат дека снимките се дел од подолгорочен процес на мониторинг, кој има за цел да обезбеди релевантни податоци за движењето, бројноста и состојбата на мечките во овој регион.„Овие видеа не се само интересни кадри од дивината, туку претставуваат важна алатка за разбирање на однесувањето на мечките и основа за понатамошни активности за нивна заштита“, велат од...

Продолжи со читање

Горива

Дизелот од вечерва 95.5 денари за литар, цената на бензинот непроменета

Views: 333 РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека дизелот поскапува за 3,5 денари.Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт се следните:Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 95,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 47,610 (денари/килограм).Инаку, вчера ДДВ за горивата беше намелено од 18 на 10 проценти во период од две недели.

Продолжи со читање

Двајца пилоти ја завршија обуката за „ер трактор амфибија“ со што ДЗС ќе ја пречека летната сезона на пожари со пет пилоти

Views: 295 На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што стекнаа сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.Двајцата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март беа испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг-центар за воздухопловна противпожарна борба...

Продолжи со читање